Знаме на Ангола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
FIAV 111111.svg Знамето на Ангола во сооднос од 2:3
Знаме на поранешното анголско движење, сега владеачка партија во Ангола.

Знамето на Ангола е националното знаме на државата од 11 ноември 1975. Знамето е составено од две хоризонтални еднакви ленто во црвена и црна боја. Во средината се наоѓа илустрација на прекрстени тркало и мачета.

Како и останатите африкански држави, така и Ангола, била и е предводена од една голема партија и таа го создала знамето. На почетокот, црвената боја била за социјализмот, црната боја за континентот Африка. За разлика од денешното знаме, од почетокот имало златна ѕвезда која имала социјалистичка симболика.

Денес ѕвездата е заменета со мачета и тркало, но и значењето на боите се заменети. Така, црвената боја ја симболизира крвта на народот за ослободување на Ангола, додека црната го симболизира континентот Африка. Златното тркало ги симболизира индустријата и работниците, додека мачетата селаните.

Предлог знаме на Ангола од 2003, кое не е многу популарно во државата.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]