Знаме на Кенија
![]() | |
Употреба | државно, пловно и управно пловно знаме ![]() |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Опис | Три хоризонтални големи ленти во црна, црвена и зелена боја и две мали бели ленти под и над црвената со Масаи штит во средината. |
![]() | |
Варијанта на знамето на Кенија | |
Употреба | морнаричко знаме ![]() |
Опис | Бело знаме со државното знаме во горниот лев кантон и со сидро во слободниот дел. |
Знамето на Кенија е официјалното знаме на оваа африканска држава кое било усвоено на 12 декември 1963 година.
Симболизам[уреди | уреди извор]
Знамето на Кенија е засновано на знамето на Кенијската Африканска Национална Унија. Црната боја го симболизира африканското црно население, црвената боја ја симболизира крвта пролеана за време на борбата за независност и зелената боја ја симболизира земјата. Белата боја била додадена нешто подоцна и симболизита мир. Традиционалниот штит на Масаите кој е во црвена, црна и бела боја со две вкрстени копја во позадината симболизира одбрана на споменатите симболи на знамето.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|