Знаме на Гана

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Гана
}}
Употреба државно и управно пловно знаме национално знаме и државно поморско знаме
Сразмер 2:3
Усвоено 1957(повторно усвоено во 1966)
Опис три хоризонтални ленти со ѕвезда во средина
Творец Теодосија Окох
}}
Варијанта на знамето на Гана
Употреба пловно знаме граѓанско поморско знаме
Сразмер 2:3
Опис црвена позадина со знамето на Гана во кантон со црна граница

Знамето на Гана е официјалното знаме на оваа африканска држава. Знамето било дизајнирано од Теодосија Окох и ова знаме го заменило знамето на Велика Британија кое се веело до 1957 година. Новото знаме на Гана се веело до 1959, потоа не се користело сè до 1966 кога повторно се завеало. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во црвена, жолта и зелена боја со црна голема ѕвезда во средината на знамето. Боите се пан-африкански и ова е првото државно знаме по знамето на Етиопија кое ги носи овие бои. Црвената боја ја симболизира крвта на борците за независност на земјата, жолтата боја ги симболизира природните богатства, зелената боја ги симболизира шумите и црната петокрака ја претставува африканската слобода.

Останати знамиња[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]