Знаме на Зимбабве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Зимбабве
}}
Употреба државно и пловно знаме вексиколошки опис IFIS Normal.svg
Сразмер 1:2
Усвоено 18 април 1980
Опис седум хоризонтални ленти со бел триаголник на прицврстениот дел со ѕвезди и птица.

Знамето на Зимбабве е официјално знаме на оваа африканска држава, усвоено на 18 април 1980 година. Знамето е составено од седум хоризонтални ленти во зелена, жолта, црвена и црна боја. На прицврстениот дел има бел триаголник со црна граница, а во него има голема црвена петокрака и птица зимбабве во златна боја над неа. Птицата зимбабве е статуетка на птица која може да се најде на рушевините на Големо Зимбабве и таа ја симболизира историјата на нацијата, додека петокраката ја симболизира револуционерната борба за ослободување и мир.

Елементи[уреди | уреди извор]

Официјално, боите симболизираат:

  • зелена - земјоделието и руралните предели на Зимбабве,
  • жолта - минералните богатства,
  • црвена - крвта пролеана за време на војните,
  • црна - наследството и етничката припадност на Африканците,
  • бел триаголник - мир,
  • птица зимбабве - национален симбол,
  • црвена ѕвезда - надеж за подобра иднина.

Поврзано[уреди | уреди извор]