Знаме на Јужен Судан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Знаме на Јужен Судан
}}
Употреба државно знаме национално знаме
Усвоено 9 јули 2005
Опис пет хоризонтални ленти, три еднакви во црвена, црна и зелена боја со две мали бели ленти покрај црвената и со син триаголник на прицврстениот дел со златна ѕвезда.

Знамето на Јужен Судан е официјалното знаме на овој регион и бил усвоен како резултат на Споразумниот мировен договор со кој се ставил крајот на Втората суданска граѓанска војна.[1] Ова знаме, претходно, било користено како знаме на Суданското Народно Ослободително Движење. Знамето е слично со знамето на Кенија и е составено од три еднакви големи хоризонтални ленти и две мали хоризонтални ленти. Големите ленти во црвена, црна и зелена боја, додека малите се во бела и се под и над црвенат лента. На прицврстениот дел има син триаголник со златна петокрака. Црната боја го симболизира јужносуданскиот народ, белата мирот, црвената ја симболизира крвта пролеана за слобода, зелената ја симболизира почвата, сината го симболизира Нил, а Ѕвездата од Витлеем го симболизира единството на државите во Јужен Судан.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Government of Southern Sudan - HOME
  2. Sudan - parties and political groups
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-29. Посетено на 2011-01-15.

Поврзано[уреди | уреди извор]