Прејди на содржината

Знаме на Екваторска Гвинеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Екваторска Гвинеја со сооднос од 2:3

Знамето на Екваторска Гвинеја е националното знаме на државата кое било усвоено на 21 август 1979. Знамето е составено од три хоризонтални ленти во зелена, бела и црвена боја споени со син триаголник.[1][2]

Симболизамот на боите е:

  • зелена - природните ресурси и џунглите на земјата.
  • сина - морето кое го поврзува копното со островот од државата
  • бела - мир
  • црвена - борбата за независност

На белата лента се наоѓа грбот на Екваторска Гвинеја.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Екваторска Гвинеја — „Знамиња на светот
  2. Витни Смит, Отфрид Нојбекер: Грбови и знамиња на сите народи. Батенберг, Минхен 1980, ISBN 3-87045-183-1.