Знаме на Мадагаскар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Мадагаскар.
200pxПретседателското знаме на Мадагаскар.

Знамето на Мадагаскар е донесено на 14 октомври 1958 година, две години пред осамостојувањето на таа нација, кога Мадагаскар беше подготвен за референдум за неговиот статус во француската заедница.

Боите на знамето ги претставуваат историјата на Мадагаскар, копнеејќи за независност, и традиционалните класи. Црвената и белата боја се боите на Кралството Мерина, кое подлегнало под француска власт во 1896 година. Боите се користат во знамето на последниот монарх од кралството Мерина, кралицата Ранавалона III. Тие бои можат да укажат на етничкото потекло на староседелците од Мадагаскар во Југоисточна Азија, и се делат со знамето на Индонезија. Зелената е боја на Хова (средна класа во Кралството Мерина).

Поврзано[уреди | уреди извор]