Знаме на Судан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знаме на Знаме на Судан
}}
Употреба државно и пловно знаме национално знаме и поморско знаме
Сразмер 1:2
Усвоено 20 мај 1970
Опис Хоризонтална тробојка со зелен триаголник на прицврстениот дел.

Знамето на Судан е официјалното знаме во државата, кое било усвоено на 20 мај 1970. Знамето е составено од три еднакви хоризонтални ленти во црвена, бела и црна боја со зелен триаголник на прицврстениот дел. До воениот удар на Гафар Нимеири, Судан имал знаме со три ленти во сина, жолта и зелена боја. Денешното знаме на Судан има голема сличност во Знамето на Арапскиот Револт поради пан-арапските бои, и со тоа сака да се докаже поврзаноста на државата со Арапскиот свет. Според World Flags 101, црвената боја ја симболизира борбата на Судан за независност и паднатите жртви при самата борба, белата симболизира мир, светлина и оптимизам, но и Лигата на Белото Знаме, националнистичка група која се борела за независност на Судан. Црната боја ја симболизира државата, бидејќи Судан на арапски значи „црна боја“, но и борбата на националистите кои се бореле за време на Револуцијата Кимокино во 19 век. Зелената боја го симболизира Исламот и плодноста на земјата.[1]

Претходното знаме[уреди | уреди извор]

FIAV historical.svgСтарото знаме на Судан.

Веднаш по независноста на Судан од Обединетото Кралство и Египет на 1 јануари 1956, Судан усвоил знаме кое било составено од три хоризонтални ленти во сина, жиолта и зелена боја. Ова знаме се користело од независноста па сè до 1970 година, кога било усвоено денешново.[2] Сината боја ја симболизирала реката Нил, жолтата пустината Сахара и плодните почви биле претставено со зелена боја. Ова знаме било направено во духот на неутралноста меѓу многуте етнички, лингвистички и религиски заедници во државата. [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]