Тркало
Тркало или колце е тркалезен предмет, односно предмет во облик на диск, кој е најважниот дел од повеќето средства за лесен пренос и превоз, поради малото триење при движењето.
Постар збор што се користел е коло, па оттаму потекнува зборот кола, како транспортно средство.
Механика[уреди | уреди извор]

Тркалото е споено со осовина на еден од двата начини: или осовината е неподвижна, а тркалото се врти или и осовината и тркалото се цврсто споени и заедно се вртат, а неподвижен е делот на возилото.
Како и да е, постои место каде што се спојуваат делот што се врти со неподвижниот дел. Тој дел се вика лежиште. Во тој дел се случува триењето и се создава силата на отпорот.
Историја на тркалото[уреди | уреди извор]
Пронаоѓањето на тркалото се смета за едно од најважните достигнувања во развојот на човековата цивилизација. Многу истражувачи тврдат дека се појавило во 5. милениум п. н. е. и дека е поврзан со откривањето на грнчарското тркало, односно грнчарското колце.
Тркалото како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Медицинско тркало“ (Medicine Wheel) - песна на британската рок-група „Килинг џоук“ (Killing Joke) од 1996 година.[1]
- „Огнени тркала“ (англиски: Wheels Of Fire) - албум на британската рок-група „Крим“ (Cream) од 1968 година.[2]
- „Химна за големото тркало“ (Hymn Of The Big Wheel) - песна на британската група „Масив Атак“ (Massive Attack) од 1991 година.[3]
- „Тркало“ (англиски: The Wheel) - албум на британската рок-музичарка ПJ Харви (PJ Harvey).[4]
- „Тркала“ (Wheels) - песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Discogs, Killing Joke – Democracy (пристапено на 20.5.2020)
- ↑ Discogs, Cream (2) – Wheels Of Fire (пристапено на 29.1.2019)
- ↑ Discogs, Massive Attack – Blue Lines (пристапено на 11.1.2021)
- ↑ YouTube, PJ Harvey - The Wheel (пристапено на 23.12.2019)
- ↑ DISCOGS, The Flying Burrito Bros – The Gilded Palace Of Sin (пристапено на 21.2.2020)
![]() |
„Тркало“ на Ризницата ? |
|