Превозно средство
| Оваа статија е дел од темата Транспорт |
| Средства и начини... |
|
Бродски
|
| Поврзано... |
| Теми | Портал |
Превозно средство (или сообраќајно средство) е општ поим за разните видови на транспорт за превоз на луѓе и товар.
Кога при едно патување се користи повеќе од едно превозно средство, патувањето нарекува „повеќеначинско“ (или „мултимодално“).
Компоненти на превозот
[уреди | уреди извор]Превозот се состои од следниве компоненти:
- Сообраќајна инфраструктура: маршрути, мрежи, јазли (станици, терминали) и сл.
- Возила и контејнери: камиони, вагони, бродови, летала и возови.
- Подвижна или неподвижна работна сила
- Погонски систем и напојување (влеча)
- Операции: возење, менаџмент, сообраќајни ознаки, железничка сигнализација, контрола на воздушен сообраќај и др.
Примери за превозни средства
[уреди | уреди извор]Светска споредба на најважните превозни исредства
[уреди | уреди извор]На ниво на цалиот свет најкористено превозно средство е Автомобилот (16,000 милијарди патнички km), по што доаѓа Автобусот (7,000), Возд. сообраќај (2,800), Железница (1,900) и градски железници (250) Архивирано на 11 октомври 2010 г..
Најкористениот начин на превоз на товар (стока) е преку Море (40,000 милијарди тони km), по што доаѓа сувоземниот Пат (7,000), Железницата (6,500), Нафтоводи (2,000) и Речен сообраќај (1,500) Архивирано на 11 октомври 2010 г..
| ЕУ 15 | САД | Јапонија | Цел свет | |
| БДП по глава на жител (€) | 19,000 | 28,600 | 22,300 | 5,500 |
| Патнички km по глава на жител Архивирано на 11 октомври 2010 г. | ||||
| Приватен автомобил | 10,100 | 22,700 | 6,200 | 2,700 |
| Автобус | 1,050 | 870 | 740 | 1,200 |
| Железница | 750 | 78 | 2,900 | 320 |
| Воздушен (домашен освен Цел свет) | 860 | 2,800 | 580 | 480 |