Пешак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пешаци на Широк Сокак, Битола
Мостот на уметноста – пешачки мост во Скопје

Пешак – лице што учествува во сообраќајот, а не управува со возило, ниту се превезува во возило или на возило, лице кое со сопствена сила турка или влече рачна количка, запрежно возило или моторно возило, детско превозно средство, велосипед, мопед или подвижен стол за немоќни лица, лице во подвижен стол за немоќни лица што се движи со сопствена сила или со сила на мотор, ако притоа се движи со брзина на човечки од, како и лице кое се лизга на лизгалки, скии, санка или се вози на тротинет, ролшуи или ролери.[1]

Во патниот сообраќај за да се обезбеди безбедноста на пешаците, како најранлива група учесници, има повеќе наменети површини:

  • тротоари кои се посебно уредени сообраќајни површини првенствено наменети за движење на пешаци, кои не се на исто ниво со коловозот или од коловозот се одвоени на друг начин.
  • обележани пешачки премини, наменети за преминување на коловозите.
  • пешачки острови, издигнати или на друг начин обележани површини на коловозот, наменети за привремено задржување на пешаци кои преминуваат преку коловозот, влегуваат или излегуваат од возило на јавниот сообраќај.
  • пешачки патеки, делови од патишта наменети за движење на пешаци.
  • пешачки зони, уредени сообраќајни површини наменети за движење на пешаци на кои не е дозволено движење на моторни возила, освен за возила со посебна дозвола и обележани со соодветна сообраќајна сигнализација.
  • плоштади, површини наменети за движење и собирање на пешаци, утврдени со урбанистички планови и прогласени од општините, или градот Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА[мртва врска] пречистен текст на семрежното место на МВР

Надворешни врски[уреди | уреди извор]