Пешачка зона

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Штрегет, Копенхаген пешачка зона
Пешачка зона меѓу Театарот Опера и Каскада во Ереван Ереван, Ерменија

Пешачките зони (познати и како зони без автомобили, како и pedestrian precincts (прим.прев. пешачки сектори) во Британскиот англиски јазик[1]) се делови од градот или населеното место коишто се резервирани исклучително за пешаци, и каде  има ограничена или целосна забрана за автомобилски сообраќај. Преобразувањето на една улица или област во зона наменета само за пешаци се нарекува педестрианизација (pedestrianisation анг.) Целта на педестрианизацијата е да обезбеди подобра пристапност и мобилност за пешаците, да ја зголеми продажбата и другите деловни активности во областа на и/или да се подобри атрактивноста на локалната средина во поглед на естетиката, загадувањето на воздухот, бучавата, но и намалување на сообраќајните несреќи што вклучуваат пешаци.[2] Но, педестрианизацијата понекогаш може да доведе и до намалување на економската активност, намалување на вредноста на имотите, и поместување на економската активност кон други области. Во некои случаи сообраќајот во околните области може да се зголеми, што значи дека дошло до поместување, а не и на замена на автомобилскиот сообраќај. Сепак, пешачките зонски шеми честопати се поврзуваат со значајни падови во загадувањето на воздухот и буката, сообраќајните несреќи, а честопати и со зголемување на прометот кај продажбата на мало и зголемување на вредноста на имототите на локално ниво.[3] Развојот на области каде е забранет автомобилскиот сообраќај подразбира педестријанизирана област од големи размери којашто се потпира на алтернативни начини на транспорт,  без автомобили, додека пешачките зони може да бидат со различна големина, зафаќајќи простор колку еден плоштад но и колку цело маало или реон, но и да имаарт многу разчични степени на зависност од автомобили за воспоставување на транспортните врски.

Референци[уреди | уреди извор]