Скијање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Скијач во Франција

Скијање - вид транспорт, рекреативна активност или натпреварувачки зимски спорт во кој учесниците користат скии за да се лизгаат по снегот. Повеќето видови на скијање се признати од Олимпискиот комитет и Меѓународната скијачка федерација.

Историја[уреди | уреди извор]

Скијањето има историја од скоро пет милениума.[1] Сепак современото скијање се создало во Скандинавија, но се смета дека пред 100 века се вежбала во денешна Кина, според стари цртежи.[2][3]

Зборот скијање е еден од норвешките зборови кои се користат интернационално. Доаѓа од стариот норвешки збор „skíð“ што значи „одвоено парче дрво“.[4][5]

Раните скијачи користеле една долга штека или копје. Првиот опис на скијач со две штеки датира од 1741 година[6].

Сè до средината на 19 век, скијањето се користело само за транспорт, а од тогаш се смета за рекреација и спорт. Армиските скијачки трки се одржувале во 18 век во Норвешка, а скијачкото војување било изучувано при крајот на 18 век. Со развојот на опремата за скијање и со појавата на ски-лифтовите, скијањето се поделило на два типа, алпско и нордиско скијање.

Опрема[уреди | уреди извор]

Опрема која се користи за скијање:

  • Скии, кои можат да имаат кожа или восок за полесно лизгање.
  • Чизми и ски-спојки
  • Штеки
  • Кациги и скијачка облека
  • Ракавици за скијање

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Formenti et al. (2005). „Human locomotion on snow: determinants of economy and speed of skiing across the ages“. Proc. R. Soc. B. http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC1559840/pdf/rspb20053121.pdf. конс. 2 септември 2016 г. 
  2. Editors (25 јануари 2006). „Ancient paintings suggest China invented skiing“. China Today. Xinhua News Agency.. http://news.xinhuanet.com/english/2006-01/25/content_4098439.htm. конс. 27 јануари 2015 г. 
  3. Marquand, Edward (15 март 2006). „Before Scandinavia: These could be the first skiers“. Christian Science Monitor. http://www.csmonitor.com/2006/0315/p01s01-woap.html. конс. 8 март 2015 г. 
  4. The cradle of skiing (Norway – the official site in the United States)
  5. Skiing and the Creation of a Norwegian Identity (Norway – the official site in the United States)
  6. Hergstrom, P (1748). Beschreibung von dem unter schwedischer Krone gehörigen Lappland. Leipzig: von Rother.