Подморница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Akula class submarine.JPG

Подморница е пловно средство кое може да плута по површина на водата и да плови под водата. Подморниците почнале да се употребуваат за воени цели за време на Втората светска војна. Во денешно време подморниците се повеќе се користат и во мирнодопски услуви, пример за истражувања на морињата.

Првата подморница за која има информации дека е конструирана била изградена во 1620 година од Корнелиус Јакобсон Дребел, кој работел за Џејмс I од Англија. Подморницита била изградена по стандардите направени од англискиот математичар Вилијам Борн. Има повеќе теории за тоа како таа се движела, но сè уште не се знае точно. Познато е дека две напредни верзии биле тестирани во реката Темза помеѓу 1620 и 1624 година.

Историски развој на подморниците[уреди | уреди извор]

Почетоците на првите воени подморници[уреди | уреди извор]

Модел на подморницата „Желка“ (Turtle)

Првата воена подморница била наречена „Желка“ (анг. Turtle) во 1775 година, таа се движела со помош на пропелер кој бил придвижуван од човек. Оваа подморница била дизајнирана од американецот Дејвид Бушнел и била направена за еден човек. За време на Американската борба за независност подморницита „Желка“ била пратена да го потоне Британскиот воен брод „HMS Eagle“. Во 1800 година, Франција изградила подморница дизајнирана од американецот Роберт Фултон, наречена Наутилус (анг. Nautilus). Французите се откажале од експериментот во 1804 година. Submarino Hipopótamo била првата подморница направена во Јужна Америка, а била тестирана во Еквадор, на 18 септември 1837 година. Таа била дизајнирана од Хозе Родригез Лавандера.

Подморниците за време на Првата светска војна[уреди | уреди извор]

Воените подморници дале голем придонес во Прватa Светска Војна. Германските подморници првпат влегле во борба во Борбата за Атлантикот, и биле одговорни за потопувањето на бродот „Лузитанија“ (Lusitania). За време на Прватa светска војнa повеќе од 5000 противнички бродови биле потопени од подморниците.

Подморниците за време на Втората светска војна[уреди | уреди извор]

Германија ја имала најголемата флота на подморници за време на Втората Светска Војна. Поради одредбите на Версајскиот договор, германската висока команда престанала да гради бродови и ги пренасочила сите ресурси кон подморниците, кои можеле да се изградат побрзо. Иако била потребна цела 1940 година за да се почне масовната изработка, повеќе од илјада подморници биле изградени до крајот на годината. За време на Втората светска војна, Германија ги пратила своите подморници во Втората Борба за Атлантикот, обидувајќи се да ги уништи британските морски патишта за снабдување, со потопување на што повеќе трговски бродови. Но, на крајот, оваа стратегија не успеала да ги оствари поставените цели.

Хронологија на развојот на подморниците[уреди | уреди извор]

Погон[уреди | уреди извор]

Дизел мотор во подморница

На почетокот, подморниците биле придвижувани од некој човек. Првата порморница која не била придвижувана од човек била Француската "Plongeur", која користела компресиран воздух како погон. Анаеробен погон бил првпат користен во Шпанската подморница "Ictineo II" во 1864 година, која користела соеднинение од цинк, магнезиум-диоксид и калциум-хрорат за да создаде доволно топлина да придвижи парен мотор, кој исто така доставувал кислород за екипажот. Потоа биле користени мотори на гас, керозин, дизел и батерии, а во 20-тиот век се појавиле и подморници на нуклеарен погон.

Сноркл[уреди | уреди извор]

На дизел-електричните подморници им е потребен воздух за да ги вклучат нивните дизел мотори, па тие носеле големи батерии за операции под вода. Бидејки батериите не траат многу долго подморниците мораат често да се враќаат на површината за да ги наполнат, но за тоа време тие се ранливи на надворешни напади. Сноркл-от бил измислен за да им овозможи на Германските подморници да ги вклучуваат своите дизел мотори додека се под вода, додека тие земаат воздух преку мала цевка од површината.

Подморницата како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Жолта подморница“ (Yellow Submarine) - песна на англиската група „Битлси“ (The Beatles) од 1966 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]