Тајната на подморницата К-19 (филм од 2002)
Тајната на подморницата К-19 (англиски: K-19: The Widowmaker) - филм од 2002 година, во режија на Кетрин Бигелоу по сценариото на Кристофер Кајл. Главните улоги ги толкуваат: Харисон Форд, Лијам Нисон, Петер Сарсгард, Џон Шрапнел, Јос Акланд, Питер Стебингс, Кристијан Камарго итн. Филмот претставува екранизација на вистински настани до 1961 година за кои се дознало дури 28 години подоцна.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Дејството во филмот се случува во 1961 година, за време на трката во вооружување меѓу СССР и САД. САД располагаат со јадрени подморници, кои имаат ракети способни да стигнат до Москва и до Ленинград. За да воспостават рамнотежа, советскиот воено-политички врз забрзано ги подготвува подморниците К-19 кои уште не се технички подготвени, а на тоа предупредува заповедникот на подморницата, капетанот Михаил Поленин (го игра Нисон). Сепак, маршалот Зеленцов (го игра Акланд) го назначува капетанот Алексеј Востриков (го игра Форд) за нов заповедник на подморницата К-19, а Поленин го поставува за заменик. На почетокот се чини дека грижите на Поленин биле претерани, но набргу се случува дефект на јадрениот реактор, со опасност ракетите самостојно да се лансираат и така да се загрози светскиот мир. Во критичната состојба, во подморницата се случува бунт, но победуваат присебноста на Поленин и Востриков.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „HRT (пристапено на 15.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-27. Посетено на 2017-12-24.
- ↑ „HRT (пристапено на 15.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-27. Посетено на 2017-12-24.