Атомска подморница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руска атомска подморница од класата Шчука-Б

Атомска подморницаподморница на јадрен погон во која има јадрен реактор што придвижува парни турбини.

Историја[уреди | уреди извор]

Постоеле обиди за развој на погон што ќе овозможи долгорочна пловидба под површината на морето уште од кога подморниците се користат за воени цели, но развојот на таков погон не успеал се додека не се појавиле доволно мали и сигурни јадрени реактори. Првата таква подморница била американската USS Nautilus (SSN-571), именувана по истоимената подморница од научнофантастичната книга на Жил Верн.[1] Наутилус била првата подморница што поминала под ледената покривка на Северниот Пол. Таквата подморница може да биде под вода со месеци. За жал, се случуваат и сериозни несреќи на овој вид подморници (на пример, рускиот К-141 Курск).

Погонска единица[уреди | уреди извор]

Едно полнење на реакторот во времето на производството е доволно за приближно 20 години оперативна работа.[2] Недостаток на јадрениот погон е тежината на самиот дел на реакторот, кој тежи колку поголема дизел-електрична подморница, така што атомската подморница не е погодна за крајбрежни задачи и затоа се користи само за отворено море.

PWR (pressurized water reactor) воден високопритисочен реактор[уреди | уреди извор]

PWR-реактор

Овој вид реактор е развиен од Американската морнарица, а подоцна се користи и во Кралската морнарица (Обединето Кралство).

Склопот користи вода како модератор на неутрони (M) и како средство за пренос на енергија-ладење. Топлината од јамката на реакторот се пренесува во друга јамка каде што се создава пареа. Произведената пареа ја придвижува турбината (Т) и на тој начин произведува огромна количина електрична енергија (G), која исто така се користи за расцепување на водата на водород и кислород, од кои вториот се користи за дишење при долги нуркања, па истите се ограничени само со снабдувањето со храна. Турбината не ги придвижува директно пропелерите поради вибрациите - звучното одвојување на турбината од надворешната средина. Пропелерот е управуван од електричен мотор, кој исто така го олеснува регулирањето на неговата брзина. Искористената пареа се лади во кондензаторот (K) и се испраќа како вода до испарувачот (B). (Деловите на сликата се означени во загради)

Реактори ладени со течност[уреди | уреди извор]

Овој вид реактор е развиен и користен од Советската морнарица на подморниците од класата Лира.

Радиоактивен отпад[уреди | уреди извор]

Погонските склопови на подморниците со јадрен погон остануваат радиоактивни дури и откако реакторот конечно ќе се исклучи и ќе се отстранат горивните ќелии, со што се отстрануваат сите добиени фисиски производи. Останатите, над 99,9 % од радиоактивниот материјал се состои од деловите на реакторот и погонскиот склоп. Кусокот од 0,1 % претставуваат корозивни облоги на цевките и честички настанати при абење на лизгачките површини во самата погонска единица.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „USS Nautilus (SSN-571)“. americanhistory.si.edu.
  2. Trakimavičius, Lukas. „The Future Role of Nuclear Propulsion in the Military“ (PDF). NATO Energy Security Centre of Excellence (англиски). Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-10-18. Посетено на 2021-10-15.