Кралска воена морнарица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Знамето на Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство

Кралската воена морнарица на Обединетото Кралство (англиски: Royal Navy) е дел од вооружените сили на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Таа ја претставува основата на поморските сили на Обединетото кралство и е поделена на: Кралска надводна морнарица, Кралска подморничка флота, Кралска помошна морнарица, Кралски маринци (поморска пешадија), и Воздушни сили на Кралската воена морнарица. Во ноември 2006 година, поморската служба имаше 38.710 членови.

Од почетокот на 18 век до средината на 20 век и крајот на Втората светска војна, таа била најголемата и најмоќната морнарица во светот, и одиграла клучна улога во воспоставувањето на Британската Империја како доминантна светска сила во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век. .

Денес, Кралската морнарица е втората по големина морнарица меѓу земјите членки на НАТО. Денес поседува 91 брод, меѓу кои има носачи на авиони, нуклеарни и балистички подморници, миноловци и патролни чамци, како и бродови на Кралската флота од помошни бродови (англиски:Royal Fleet Auxiliary).

Организација[уреди | уреди извор]

Британската Кралската воена морнарица е под надлежност на Министерството за одбрана. До 1964 година оваа функција ја извршуваше Адмиралитетот. Врховното раководно тело е Комитетот на адмирали, со кој претседава првиот лорд на Адмиралитетот, истовремено со државниот секретар за одбрана (еквивалент на министер за одбрана; до 1964 година - претседавач бил министерот за морнарица) кој по правило е цивилно лице, претставник на владејачката партија.

До 1964 година, во зависност од ситуацијата, Комитетот на адмирали обично се состоел од 9 до 15 членови (главното јадро): Прв лорд на адмиралитетот (Министер на морнарицата), Прв поморски лорд (Началник на главниот поморски штаб), Втор поморски лорд (началник на персоналот на флотата), Трет поморски лорд (шеф на бродоградба и вооружување на флотата), Четврт поморски лорд (шеф на снабдување и транспорт на флотата), Петти поморски лорд (шеф на поморска авијација).

Главни бази[уреди | уреди извор]

морнарица[уреди | уреди извор]

Поморска авијација[уреди | уреди извор]

  • Кралската поморска воздухопловна база Калдроуз (англиски: Royal Naval Air Station Culdrose )
  • Кралската поморска воздухопловна база Јеовилтон (англиски: Royal Naval Air Station Yeovilton)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Воен никулецОваа статија поврзана со војска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.