Научна фантастика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Колекција на СФ класици

Научната фантастика е форма на шпекулативна белетристика која главно обработува теми поврзани со влијанието на замислена или предвидена наука и технологија врз општеството и личностите како поединци. Според Артур Кларк, наспроти општото уверување, писателите на научната фантастика ретко се обидуваат да ја предвидат иднината, туку, како што во една прилика забележал Реј Бредбери, тие многу почесто настојуваат да ја спречат.[1]

Научната фантастика е уметнички жанр во поширока смисла, и тој се врзува главно за литературни, телевизиски и филмски дела, но исто така влијае и на ликовната и музичката уметност. Многу луѓе ја користат кратенката за научна фантастика - СФ ('SF, од англискиот израз Science fiction). Исто така, се користи и кратенката sci-fi (кованица на Форест Џ. Акерман од 1954) како и НФ (во поранешните југословенски републики во кои култот кон научната фантастика бил интензивно развиван).

Границите на овој жанр не се добро дефинирани и разделувачките линии меѓу неговите поджанрови (тврдата и меката научна фантастика, сајберпанкот) се често флуидни.

Во „Тврди ставови“, Владимир Набоков полусериозно тврди дека, ако сме доследно ригорозни со нашите дефиниции, Шекспировата драма „Бура“ може да се нарече научна фантастика. Многу научнофантастични дела содржат елементи на други уметнички жанрови, како криминалистички романи, хорор романи, историски романи и, особено, фантастика.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Epilog: Posle 2001.“, во: Artur Klark, 2001: Odiseja u svemiru. Opatija: Otokar Keršovani, Beograd: Narodna knjiga, 1983, стр. 186.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]