Прејди на содржината

Буркина Фасо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Буркина Фасо
Burkina Faso  (француски)
Знаме Грб
ГеслоUnité, Progrès, Justice  (француски)
"Единство, Прогрес, Правса"
ХимнаUne Seule Nuit  (француски)
Една единстевна ноќ

Местоположбата на Буркина Фасо (темнозелена)
Местоположбата на Буркина Фасо (темнозелена)
Местоположбата на Буркина Фасо (темнозелена)
Главен град
(и најголем)
Уагадугу
12°20′N 1°40′W / 12.333° СГШ; 1.667° ЗГД / 12.333; -1.667
Службен јазик француски
Демоним буркинец
Уредување полупретседателска република
 •  Претседател Пол-Хенри Сандаог Дамиб
 •  Премиер Алберт Уедраого
Законодавство Национално собрание
Историја
 •  Горна Волта 11 декември 1958 
 •  Независност од Франција 5 август 1960 
Површина
 •  Вкупна 274,200 км2 (74.)
 •  Вода (%) 0.146
Население
 •  проценка за 2020 г. 21,510,181 (58.)
 •  Попис 2009 15,746,232 
 •  Густина 64 жит/км2 (137.)
БДП (ПКМ) проценка за 2020 г.
 •  Вкупен $45,339 мил.[1] 
 •  По жител $2,207[1] 
БДП (номинален) проценка за 2020 г.
 •  Вкупно $16,226 мил.[1] 
 •  По жител $926[1] 
Џиниев коеф. (2020)38.9
среден
ИЧР (2019) 0.452[2]
низок · 182.
Валута Западноафрикански франк[3] (XOF)
Часовен појас GMT (UTC+0)
Се вози на десно
НДД .bf
Повик. бр. +226

Буркина Фасо (француски: Burkina Faso) — држава во Западна Африка без излез на море. Граничи со Мали на север, Нигер на исток, Бенин на југоисток, Того и Гана на југ и со Брегот на Слоновата Коска на југозапад.

Буркина Фасо има вкупна површина од 274.000 км2 со проценето население од 20 321 378 жители во 2021 година.[4] Поранешното име на државата е Горна Волта, но на 4 август 1984 името на државата било променето во сегашното име од страна на претседателот Томас Санкара. Името доаѓа од називот за „земја на исправени луѓе“ на море и диула.

Главен град на Буркина Фасо е Уагадугу. Буркина Фасо ја стекнала својата независност од Франција во 1960 година и низ процесот на реоформување на државата повеќе системи на владеење биле променети. Денешен претседател на државата е Ибрахим Траоре кој ја презел власта по државниот удар од 30 септември 2022 година. Според индексот на човеков развој, Буркина Фасо се наоѓа на последните шест места.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Поранешното име на државата било Горна Волта, име според реката Волта. Денешното име на државата потекнува од море и диула и значи „земја на исправени луѓе“. Буквално преведено, „буркина“ значи човек од интегритет на море, додека „фасо“ значи таткова куќа на диула.

Историја

[уреди | уреди извор]

Последните археолошки октритија од 1973 година, во северозападните делови на денешната земја Буркина Фасо, покажале дека земјата била населена уште пред 14.000 години. Пред околу 3.600-2.800 години во земјата се појавиле првите земјоделци и населени места. Во текот на 15 век и 16 век, Буркина Фасо била вклучена во составот на Кралство Сонгхај. Во текот на тој период, во регионите започнал да се распространува исламот. Во следните години, поголемиот дел од земјата била дел од кралството на мосите, народ кој денеска го претставува мнозинството во земјата и за кој се претпоставува дека потекнува од Северна Гана.

Во текот на 1896 година, кралството Моси било преземано од страна на Французите. До 1904 година целата денешна земја била под власта на Франција и била вклучена во составот на Француска Западна Африка под името Горна Волта, заедно со Мавританија, Сенегал, Француски Судан (денеска Мали), Француска Гвинеја (денеска Гвинеја), Брегот на Слоновата Коска, Нигер и Дахомеј (денеска Бенин).

Во времето на Првата светска војна, жителите на денешната земја војувале на страната на Французите. Во 1919 година Горна Волта се одделила како самостојна колонија, до 1932 година, кога била соединета со Мали, Брегот на Слоновата Коска и Нигер. Во 1958 година земјата била прогласена за република во рамките на француската управа. Својата независност Горна Волта ја добила на 5 август 1960 година. Од истата година земјата станала член на ООН.

Првиот претседател бил Морис Јамеого, претседател на Демократскиот сојуз. На таа функција Јамеого останал до јануари 1966 година кога главно поради политичката и економската криза му бил зададен воен удар. Милитаристичката власт, на чело со Сангуле Ламизана, го распуштил собранието и политичките партии. Но, подоцна сепак повеќепартискиот систем бил воведен и така во 1970 година бил изгласен новиот устав. По ова биле спроведени демократски избори на кои победиле демократите. Претседател на земјата останал Ламизана, а во периодот од 1971-1974 година премиер станал водачот на демократскиот сојуз. Во 1974 година парламентот повтрно бил распуштен, за да во 1978 година биде изгласен повторно нов устав. По само две години се случил нов воед удар од страна на Сеј Зербо. Во следните години земјата била зафатена од постојани конфликти и воени преврати.

Во 1984 година земјата била преименувана во Буркина Фасо.

Географија и клима

[уреди | уреди извор]
Сателитска карта на Буркина Фасо.

Релјефот на Буркина Фасо е составен од два релјефни видови. Голем дел од земјата е рамнина или висорамнина со помали ридови. Јужниот дел од земјата е со карпест релјеф каде се наоѓа највисокиот врв Тенакуру со висина од 749 метри надморска височина. Генерално гледано, Буркина Фасо е рамна земја.

Низ Буркина Фасо течат три главни реки: Црна Волта, Бела Волта и Црвена Волта. Црната Волта е една од двете реки во земјата кои имаат постојан водостој низ целата година.

Климата на Буркина Фасо е претежно тропска со две посебни сезони. За време на дождовната сезона, во земјата паѓаат од 600 до 900 милиметри врнежи, додека во сушната сезона дува топол ветер од Сахара. Дождовниот период е од мај или јуни до септември. Букрина Фасо е поделена на три климатски зони: Сахел, Судан-Сахел и Судан-Гвинеја.

Политички систем

[уреди | уреди извор]

Со уставот од 2 јуни 1991 година, Буркина Фасо станала полупретседателска република со парламент кој може да биде распуштен од претседателот на републиката. Претседателот на Буркина Фасо е избран за период од седум години. Во 2000 година со нови амандмански акти, претедателскиот мандат се намалил на пет години. Парламентот на Буркина Фасо е еднодомен со капацитет од 111 пратенички места избрани за петгодишен мандат.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Региони на Буркина Фасо.
Региони на Буркина Фасо.

Буркина Фасо е поделена на тринаесет региони, четириесет и пет покраини и 301 департман. Регионите на Буркина Фасо се:

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Уагадугу.

Буркина Фасо има едне од најниските БНП по глава на жител со $1,200.[5] Земјоделството претставува 32% од вкупното производство на земјата и 80% од работниците во земјата се вработени во истото. Најчесто е присутно сточарството, но на југ се одгледува и пченка, кикирики, ориз, памук и слично.

Поради големата невработеност во земјата емиграцијата во земјата е на големо ниво. Така на пример, три милиони жители на Буркина Фасо живеат во Брегот на Слоновата Коска.

Население, јазик и религија

[уреди | уреди извор]
Големата џамија во Бобо-Диуласо.

Буркина Фасо има околу 15,3 милиони жители кои припаѓаат на две големи западноафрикански културни групи: волтешка и мандеска чиј заеднички јазик е диула. Волтешките Моси сочинуваат една половина од населението. Тие тврдат дека потекнуваат од Гана и основале империја на територијата на Горна Волта која траела над 800 години. Денес, кралството Моси сè уште е предводено од Мого Наба во Уагадугу.[6]

Религија

[уреди | уреди извор]
Религија во
Религија Процент
Ислам
  
60,5 %
Христијанство
  
23,2 %
Стара религија
  
15,3 %
Останати
  
1 %

Поголемиот дел од муслиманите во Буркина Фасо се Маликиски Сунити, со длабоко влијание на суфизмот[7][8] Шиитската гранка на исламот, исто така има мало присуство во земјата. Голем број сунитски муслимани се членови на братствата на суфизмот, кои го следат движењето Тиџамија. Се проценува дека во земјата живеат 23,2% христијани (19,0% се католици, 4,2% се протестанти), 15,3% ја следат Африканската традиционална религија, 0,6% се припадници на други религии и 0,4% се нерелигиозни.[7][8] Денес постојат повеќе од 60 различни етнички групи во земјата[8].

Статистиките за религија во Буркина Фасо се неточни, бидејќи исламот и христијанството често се практикуваат во тандем заедно со африканските традиционални религии. Според владините истражувања и пописот од 2006 година, 60,5% се припадници на исламот и поголемиот дел од оваа група припаѓаат на Сунитите. Значителен број на сунитските муслимани се идентификуваат како Тиџаниски суфисти. Исто така, Владата проценува дека околу 23,2% се христијани (19% се католици и 4,2% припадници на различни протестантски деноминации), 15,3% ги почитуваат традиционалните домородни верувања, 0,6% се со другите религии[7][8].

Литературата во Буркина Фасо е скоро целосно орална, која сепак е многу важна. Во 1934 година за време на француската окупација, Дим-Уедраого објавил книга за мисли и преданија за Мосите. Оваа книга и оралната традиција на Мосите влијаела кај скоро сите буркински писатели како Нази Бони или Роџер Никиема. По независноста голем број на книжевни дела биле објавени и се појавиле поголем број на писатели. Кујната во Буркина Фасо е типична за Западна Африка. Општествениот и културниот живот на Буркина Фасо е претежно со елемнти на локални стилови но и со примеси на колонијални француски.

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Burkina Faso“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  2. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  3. CFA Franc BCEAO. Codes: XOF / 952 ISO 4217 currency names and code elements Архивирано на 24 мај 2012 г.. ISO. Retrieved 2009-05-08.
  4. „Burkina Faso Population 2021 (Demographics, Maps, Graphs)“. worldpopulationreview.com.
  5. „CIA World Factbook, GDP Per Capita Rank Order“. Архивирано од изворникот на 2013-04-24. Посетено на 2010-02-27.
  6. "Burkina Faso". U.S. Department of State (June 2008). Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  7. 7,0 7,1 7,2 Comité national du recensement (July 2008). „Recensement général de la population et de l'habitation de 2006“ (PDF). Conseil national de la statistique. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-04-21. Посетено на 20 January 2011.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 „International Religious Freedom Report 2010: Burkina Faso“. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor. November 17, 2010. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]