Уагадугу (француски и мосиски: Ouagadougou) — главен град на Буркина Фасо. Исто така, Уагадугу е административен, економски, комуникациски и културен центар на државата. Уагадугу е најголем град во Буркина Фасо со население од околу 1.475.223 жители (2006)[1] Често градот се именува со скратената верзија Уага.
Уагадугу е главен индистриски центар во државата и голем производител на храна и текстил. Во градот се наоѓа аеродромот Уагадугу, железничка линија со Абиџан и Каја и автопат до Нигер. Од културна гледна точка, во градот опстојуваат и повеќе театри, кина, ноќни клубови и слично. Во градот се наоѓа и најголемиот маркет во Западна Африка, кој во моментов е затворен поради голем пожар кој се случил во 2003.