Праја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Праја
Praia Cabo Verde.jpg
Праја се наоѓа во Зелен ’Рт
Координати: 14°55′04.8″ СГШ 23°30′32.4″ ЗГД / 14.918, -23.509
Држава Зелен ’Рт

Праја (португалски за „плажа“), со население од 126.354 жители (во 2006), е главен град на републиката на Зелено'ртските Острови, островска нација во Атлантскиот Океан, западно од Сенегал. Праја е и најголемиот град на Зелено'ртските Острови. Се наоѓа на островот Сантјаго на архипелагот Сотавенто. Праја е дом на два аеродроми.

Економија[уреди | уреди извор]

Воздушна снимка на Праја.

Праја е комерцијален центар и пристаниште на кое се тргува со кафе, шеќерна трска и тропски овошја. Во овој град е развиена и рибната индустрија. Во близина има неколку плажи.