Чевански јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чевански јазик
Chichewa, Chinyanja
Застапен во  Замбија
 Малави
 Мозамбик
 Зимбабве
Говорници 8,7 милиони  
Јазично семејство
Статус
Службен во  Малави
 Замбија
Регулативен орган непознато
Јазични кодови
ISO 639-1 ny
ISO 639-2 nya
ISO 639-3 nya
Linguasphere 99-AUS-xa вклуч. вариетитте 99-AUS-xaa...-xag

Њанџа (Chinyanja) или чевански јазик (Chicheŵa)[1] е јазик од семејството на банту-јазици.

Распределба[уреди | уреди извор]

Њанџа е државен јазик на Малави. Претставува и еден од седумте службени јазици во Замбија, каде се говори претежно во Источната покраина и градот Лусака. Застапен е и во Мозамбик, особено во покраините Тете и Њаса, како и во Зимбабве каде е трет по застапеност по шона и северниот ндебеле.

Јазикот, како што се употребува во Лусака, во огромна мера се разликува од неговата рурална варијанта (таму наречен „чева“) и е полн со изведенки од англиски, како и влијанија од други замбиски јазици како бемба. На пример, множинскиот префикс a- (за луѓе и други живи суштества) во Лусака е ba-.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Родовиот префикс chi- се користи за јазици, па затоа јазикот се нарекува Chinyanja или Chichewa.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Mchombo, Sam, 2004. The Syntax of Chichewa. Cambridge Syntax Guides
  • Henry, George, 1891. A grammar of Chinyanja, a language spoken in British Central Africa, on and near the shores of Lake Nyasa.
  • Woodward, M. E., 1895. A vocabulary of English-Chinyanja and Chinyanja-English as spoken at Likoma, Lake Nyasa. Society for promoting Christian knowledge.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на чевански јазик