27 април
Изглед
Предлошка:Април 2025 27 април — 117-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (118-и во престапна година). Остануваат 248 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1521 | На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година. |
| 1810 | Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“. |
| 1905 | Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев — македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. |
| 1960 | Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија. |
| 1961 | Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. |
| 1992 | По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија. |
| 1993 | Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност. |
| 1993 | Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур. |
Родени:
| 1791 | Семјуел Морзе — американски физичар и сликар. |
| 1967 | Вилем-Александар — крал на Холандија. |
| 1922 | Тале Огненовски — македонски музичар и композитор. |
| 1951 | Ејс Фрејли — американски рок-музичар, член на групата Кис (Kiss). |
| 1952 | Горан Стефановски — македонски писател. |
| 1982 | Франсоа Паризјен — канадски велосипедист. |
| 1986 | Динара Сафина — руска тенисерка. |
| 1986 | Елена Ристеска — македонска поп-пејачка. |
| 1987 | Џонатан Кастровјехо — шпански велосипедист. |
| 1992 | Емин Махмудов — руски фудбалер. |
| 1995 | Ник Кирјос — австралиски тенисер. |
| 1998 | Кристијан Ромеро — аргентински фудбалер. |
| 2002 | Ентони Еланга — шведски фудбалер. |
Починале:
| 1521 | Фернандо Магелан — португалски морепловец. |
| 1882 | Ралф Валдо Емерсон — американски есеист и поет. |
| 1905 | Никола Карев — македонски социјалист и револуционер. |
| 1938 | Едмунд Хусерл — германски филозоф. |
| 1983 | Димо Тодоровски — македонски вајар. |
| 1983 | Кирил Миљовски — македонски револуционер, академик, политичар и прв ректор на Универзитетот во Скопје. |
| 1998 | Карлос Кастанеда — американски писател. |
| 2007 | Мстислав Ростропович — советски и руски виолончелист. |
| 2014 | Вујадин Бошков — српски и југословенски фудбалски тренер. |
| 2025 | Стен Лав — американски кошаркар. |