Семјуел Морз
Семјуел Ф. Б. Морз | ||
Роден | Samuel Finley Breese Morse 27 април 1791 Чарлстаун, Масачусетс | |
---|---|---|
Починал | 2 април 1872 Њујорк Сити, Њујорк на 80-годишна возраст | |
Занимање | писател, сликар, научник | |
Сопружник | Лукреција Пикеринг Вокер, Сара Елизабет Гризволд | |
Татко | ||
Родители | Џедидаја Морз и Елизабет Ен Бриз Морз |
Семјуел Финли Бриз Морз(е) (англиски: Samuel Finley Breese Morse; (27 април 1791 – 2 април 1872) — американски уметник и пронаоѓач познат по своите два најзначајни патенти - електричниот телеграф и Морзеовата азбука.
Морз е роден во Чарлстаун, Масачусетс на 27 април 1791 година и се школува на Универзитет во Јејл. Учи да црта во Лондон и станува успешен сликар на портрети и еден од најголемите национални уметници во свое време. Истовремено бил и добар вајар.
Во 1826 година станал првиот претседател на Интернационалната Академија за Дизајн во Њујорк. Во тоа време се заинтересирал за хемиски и електрични експерименти и инструменти и започнал со правењето на електромагнетниот телеграф, што целосно успеал да го конструира и комплетира во 1836 година, кога имал 45 години. Истовремено, со самото комплетирање на оваа иновација тој измислил и кодирана азбука, која денес е позната како Морзова азбука, токму во негова чест. На 4 септември 1837 година, во присуство на поголем број научници, Морз со успех ја демонстрира работата на телеграфот.
Во 1843 година, Американскиот конгрес на Морз му одобрува 30.000 $ за конструкција на телеграфска мрежна врска меѓу Вашингтон и Балтимор, Мериленд. Линијата е успешно инсталирана една година подоцна и официјално е отворена на 24 мај 1844 година, кога Морз ја испраќа првата телеграфска порака: "What hath God wrought" („Што правеше Бог?”, Библија, Книга Броеви, 23:23).
Во 1850-тите, Морз бил многу познат како бранител на ропството во Америка.[1]
Умира на 2 април 1872 година, во својот дом, на возраст од 80 години.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ From An Argument on the Ethical Position of Slavery in the social system, and its relation to the politics of the day (New York, Papers from the Society for the Diffusion of Political Knowledge, no. 12, 1863) in Slavery Pamphlets # 60, Beinecke Rare Book and Manuscript library, Yale University. Quoted in "Yale, Slavery, & Abolition," an online report on Yale honorees, at Yaleslavery.org
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Семјел Финли Бриз Морз
- Текстовите на Семјуел Ф. Б. Морз
- Семјуел Ф. Б. Морз во Американската сала на славни пронаоѓачи
|
- Родени во 1791 година
- Починати во 1872 година
- Никулци за американски научници
- Американски христијани
- Американски пронаоѓачи
- Американски сликари
- Американски научници
- Членови на Американското филозофско друштво
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Витези на Легијата на честа
- Изумители на писма
- Членови на Американската академија на уметностите и науките