30 април
Изглед
Предлошка:Април 2026 30 април — 120-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (121-и во престапна година). Остануваат 245 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1900 | Хаваи станале составен дел на САД. |
| 1916 | Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство. |
| 1944 | Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание. |
| 1975 | Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам. |
| 1992 | Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата. |
| 2013 | Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса. |
Родени:
Починале:
| 1555 | Марцел II — римски папа. |
| 1883 | Едуар Мане — француски сликар, непосреден претходник на импресионистите. |
| 1903 | Јордан Поп Јорданов - Орцето — еден од организаторите на Солунските атентати. |
| 1945 | Адолф Хитлер — водач на Третиот Рајх. |
| 1945 | Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер. |
| 1983 | Мади Вотерс — американски блуз-музичар. |
| 1989 | Серџо Леоне — италијански режисер. |
| 2011 | Ернесто Сабато — аргентински писател. |
| 2015 | Бен Е. Кинг — американски соул-пејач. |
| 2024 | Пол Остер — американски писател. |