Руан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руан
Rouen montage.jpg
Грб на Руан
Грб
Руан се наоѓа во Франција
Руан
Координати: 49°26′24″ СГШ 1°06′00″ ИГД / 49.44, 1.10
Земја Франција
Регион Горна Нормандија
Департман Приморска Сена
Округ Руан
Општ. заедница CREA
Управа
 • Градоначалник (2012–2014) Ивон Робер (PS)
Површина1 21,38 км2
 • Градска 448 км2
 • Метро (2010) 1.800 км2
Население (2012)2 111.557
 • Ранг 36. во Франција
 • Густина Лошо заокружување52.178.203.928.906/км2
 • Градска (2010) 494.382
 • Градска Лошо заокружување1.10.353.125.0/км2
 • Метро (2010) 650.000
 • Метро Лошо заокружување0.36.111.111.111.111.00/км2
Часовен појас CET (UTC +1)
INSEE/Пошт. бр. 76540
Мреж. место www.rouen.fr

1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија.

2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Руан (фр. Rouen) — пристаништен град во северозападниот дел на Франција.

Градот лежи на реката Сена. Седиште е на департманот Приморска Сена и на регионот Горна Нормандија. Според податоците од 2006 година, бројот на жители изнесувал 107.904.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите остатоци од човечко население на овие предели потекнуваат од периодот од 9.000 до 6.000 години п.н.е.

Околу 100 година, Римјаните го основале градот Ротомагус на местото на денешниот Руан. Од 4 век, градот бил бискупско седиште (прв бискуп бил Св. Виктрис 385-410).

Во 841 година, Викинзите по прв пат навлегле во градот. Судејќи по хрониките од времето на викиншките инвазии, во 911 година градот станал престолнина на Нормандиското Војводство. Во 1066 година, норманскиот војвода Вилијам Освојувачот, ја освоил и Англија.

Во 1204 година војската на францускиот крал Филип II го освоила Руан.

На 19 јануари 1419 година, за време на стогодишната војна, кралот на Англија Хенри V го освоил Руан и цела Нормандија. Јованка Орлеанка е запалена на клада во Руан на 30 мај 1431 година.

Карло VII во 1449 година повторно го освоил Руан за Франција.

Во 1843 година била отворена железничка пруга од Руан до Париз.

За време на француско-пруската војна Руан го окупирала војската на Прусија (од декември 1870 до јуни 1871 година).

Во Втората светска војна, Руан од јуни 1940 година до август 1944 бил под германска окупација. Градот во овој период бил тешко бомбардиран, посебно мостовите на Сена и железничката станица.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Виктор Иго, Руан го нарекол „град на стотици црковни кули“. Многу градби се уништени од бомбардирањето во Втората светска војна.
  • Импозантна готска базилика Сен-Уен, долга 130 метри.
  • Готската Катедрала во Руан, која му била инспирација на Клод Моне. Нејзиниот ѕвоник е висок 151 метар.
  • Палатата на правдата (Le Palais de Justice) е најголемата европска готка профана градба.
  • Големиот астрономски часовник (Le Gros Horloge) од 14 век.
  • Кулата на Јованка Орлеанка.

Познати личности[уреди | уреди извор]

Пристаниште[уреди | уреди извор]

Руан се наоѓа на стратешка положба меѓу Париз и Атлантикот. Пристаништето е оддалечено околу 80 км од сливот на реката Сена, што претставува околу 6 часа пловидба. Градот истовремено е и речно и морско пристаниште. Пристаништето може да опслужува бродови со приближна носивост од 150.000 тони.

Руан е 28-то пристаниште на Европа според количината на транспортираната стока, и петто по ред во Франција. Тоа е најголемото пристаниште за транспорт на жито во Европа и најголемо француско пристаниште за транспорт на брашно и ѓубрива.