Морис Леблан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Морис Леблан
Maurice-leblanc.jpg
Морис Леблан
Роден/а11 ноември 1864
Руан, Франција
Починат/а6 ноември 1941
Перпињан, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Жанркриминален роман

Морис Леблан (француски: Maurice-Marie-Émile Leblanc, роден на 11 ноември 1864 во Руан - починал на 6 ноември 1941 во Перпињан) — француски писател, светски познат со криминалните романи со главниот лик Арсен Лупен.

Биографија[уреди | уреди извор]

Морис Леблан е роден во Руан, Нормандија, каде го завршил своето основно образование. По студирањето во неколку земји и напуштање на Правниот факултет, се населил во Париз и започнал да пишува проза, криминални романи и раскази, кои во голема мера биле под влијание на писатели како Густав Флобер и Ги де Мопасан.

Морис Леблан се смета за писател со кратки раскази кој ги објавувал во разни француски списанија кога првата приказна Арсен Лупен се појавила во серија од кратки серијали во списанието „Je Sais Tout“ од 15 јули 1905 година. Поради големиот интерес, Леблан продолжил со објавување на серијата од приказни на Арсен Лупен.

Леблан исто така напишал два значајни научно-фантастични романи: Les Trois Yeux (1919) и Le Formidable Evènement (1920).

Дела[уреди | уреди извор]

  • Une femme (1893)
  • Armelle et Claude (1897)
  • Voici des ailes (1898)
  • Les Lèvres jointes (1899)
  • L’Enthousiasme (1901)
  • Un vilain couple (1901)
  • Gueule rouge (1904)
  • 80 chevaux (1904)
  • La Pitié(1906)
  • L’Aiguille creuse (1909)
  • 813 (1910)
  • La Frontière (1911)
  • Les Trois Yeux (1919)
  • La Robe d’écaille rose (1920)
  • Le Formidable Événement (1920)
  • Le Cercle rouge (1922)
  • Dorothée, danseuse de corde (1923)
  • La Vie extravagante de Balthazar (1925)
  • Le Prince de Jéricho(1930)
  • Les Clefs mystérieuses (1932)
  • La Forêt des aventures (1933)
  • Le Chapelet rouge (1934)
  • L’Image de la femme nue (1934)
  • Le Scandale du gazon bleu (1935)
  • De minuit à sept heures (1937)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]