Давид Трезеге

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франција Давид Трезеге
David Trezeguet (cropped).jpg
Лични податоци
Роден на 15 октомври 1977 (1977-10-15) (37 г.)
Роден во Руен, Франција
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција напаѓач
Повлекување 21 јануари 2015 (37 години)
Младинска кариера
Платенсе Платенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1995 Платенсе Платенсе 5 (0)
1995-2000 Монако Монако 93 (52)
2000–2010 Јувентус Јувентус 245 (135)
2010-2011 Еркулес Еркулес 31 (12)
2011 Банијас Банијас 3 (0)
2012-2014 Ривер Плејт Ривер Плејт 35 (16)
2013-2014 Њуел Олд Бојс Њуел Олд Бојс 24 (7)
2014 Пуне Сити Пуне Сити 9 (2)
Репрезентација
1995-1996 Франција Франција 18 12 (15)
1996-1997 Франција Франција 20 14 (12)
1997-1998 Франција Франција 21 5 (5)
1998-2008 Франција Франција 71 (34)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Дaвид Серхио Трезеге (роден на 15 октомври, 1977 година) е поранешен француски фудбалер, напаѓач, освојувач на Светско и на Европско првенство.

Неговиот прекар е Трезегол.

Кариера[уреди]

Клупска кариера[уреди]

Роден е во Франција, каде што неговиот татко Хорхе, инаку aргентински фудбалер, играл три сезони во екипата на Руан на крајот на седумдесеттите. Откако се вратил со своето семејство во Аргентина, Давид почнува да игра фудбал на возраст од 8 години по стапките на својот татко. Бил прифатен во младинскиот тим на Платенсе, а на возраст од 16 години го направил своето деби за првиот тим во аргентинскиот шампионат.

Во 1995 година, повторно се вратил во Франција, откако бил купен од страна на Монако. Започнал да игра за вториот тим, но набргу бил забележан од страна на тренерот, поранешниот француски репрезентативец Жан Тигана, така што бил префрлен во првиот тим, за да оформи впечатливо партнерство во нападот со својот пријател и а подоцна и колега од репрезентацијата - Тјери Анри. Откако Монако ќе ја освои титулата во Лига 1 во сезоната 1996-97, се квалификувале за Лигата на шампионите следната сезона, а Трезеге со 4 постигнати гола му помогнал на тимот да стигне до полуфиналето каде биле елиминрани од неговиот следен клуб Јувентус со вкупен резултат 6-4. Во сезоната 1999-2000, Трезеге уште еднаш го освоил француското првенство со Монако, придонесувајќи за титулата со 22 постигнати гола; еден помалку од најдобриот стрелец за сезоната Сони Андерсон од Лион, а еден повеќе од својот партнер во нападот на Монако, Марко Симоне. По завршувањето на оваа сезона Трезеге го напуштил клубот од кнежевството по 93 првенствени настапи на кој постигнал 52 гола.

Трезеге во Јувентус во сезоната 2007-08.

Во 2000 година, Трезеге му се приклучил на италијанскиот Јувентус за трансфер-сума од 20 милиони £. Во неговата прва сезона во Торино под водство на Карло Анчелоти, тој бил замена за стартните напаѓачи Филипо Инзаги и Алесандро Дел Пјеро. Сепак, Трезеге постигнал импресивни 14 гола во 25 настапи во Серија А.

Меѓутоа, веќе во својата втора сезона, по заминувањето на Инзаги во Милан, Трезеге бил вклучен во стартната постава и му помогнал на Јувентус да го освои скудетото во сезоната 2001-02, постигнувајќи 24 голови во Серија А. Тој бил воедно и најдобар стрелец за сезоната заедно со напаѓачот на Пјаченца, Дарио Хубнер кој исто така постигнал 24 гола.

Во својата трета сезона во клубот, Трезеге уште еднаш ја освоил Серија А придонесувајќи со 9 постигнати гола, но уште поголем бил неговиот придонес во Лигата на шампионите постигнувајќи 8 гола во 10 настапи, помагајќи му на Јувентус да стигне до финалето каде на пенали со резултат 2-3 загубиле од Милан. Трезеге бил еден од тројцата играчи на Јувентус кој промашиле во пенал-серијата.

Во сезоната 2004-05 бил често повреден, но неговиот придонес бил и понатаму голем: на почетокот на сезоната, постигнал четири гола во три натпревари против Бреша, Аталанта и Сампдорија пред да го повреди рамото. Тој го постигнал и одлучувачкиот гол во директниот дуел за скудетото против Милан; два тима се наоѓале на врвот од табелата, а Јуве победил на Сан Сиро со (0-1), благодарение на голот на Трезеге со глава, по нафрлената топка од неговиот партнер во нападот Дел Пјеро.

Во сезоната 2005-06, Трезеге освоил уште еден Скудето (подоцна доделено на Интер по испаѓањето на Бјанконерите). Исто така, авантурата на Јувентус во Лигата на шампионите завршила рано, по испаѓањето во четврт-финалето од Арсенал. На лично ниво, Трезеге постигнал 23 првенствени гола и 6 во Лигата на шампионите, со што ја надминал бројката од 100 гола за Јувентус, а со голот против Бриж станал најдобар странски стрелец во историјата на Јувентус, надминувајќи ги Мишел Платини и Џон Чарлс.

Следната сезоната за Јувентус била многу тешка затоа што клубот бил исфрлен во Серија Б, по донесената пресуда за скандалот со наместени натпревари. Поголемиот дел на играчи го напуштиле Јувентус, но не и Трезеге. Заедно со капитенот Дел Пјеро, Џанлујџи Буфон, Павел Недвед и Мауро Каморанези останал да ги носи боите на клубот и во втората италијанска лига. Постигнувајќи 15 гола, помогнал за промоција и експресно враќање на Јувентус во Серија А. На 25 јуни, 2007 го продолжил договорот со Јувентус до 30 јуни, 2011, за плата од 4,5 милиони евра годишно.[1] Првите зборови по потпишувањето му бил: "Јас направив одлучувачки избор за мојата кариера, за мојот живот".[2]

Трезеге одиграл уште три сезони во Серија А со Јувентус, но без ниту еден освоен трофеј. Во летото 2010 го напуштил Јувентус, но се вратил на почетокот на 2014 година за да ги поздрави навивачите на клубот, на Стадион Јувентус. Вкупно за Јувентус одиграл 320 натпревари и постигнал 171 гол.

Трезеге во август 2010 на претставувањето во Еркулес.

На 28 август, 2010, му се приклучил на новиот шпански прволигаш, Еркулес. Во својата прва и единствена сезона во Шпанија (2010-11), постигнал 12 гола во 31 настап соработувајќи успешно во нападот со парагваецот Нелсон Хаедо Валдез.

На 30 август, 2011, потпишал едно-годишен договор со Банијас, екипа од Обиденетите Арапски Емирати. По само три лигашки настапи, неговиот договор бил раскинат по взаемна согласност на 21 ноември поради повреда која го оддалечила од теренот во поголемиот дел од сезоната.

Набргу потоа, во декември 2011 година, Трезеге потпишал три-годишен договор со аргентинскиот Ривер Плејт, враќајќи се во земјата на потекло по 16 години. Тој постигнал 13 голови во 19 настапи, помагајќи му на клубот да избори промоција назад во Првата аргентинска лига. Тој, исто така учествувал во Копа Аргентина, каде што Ривер биле елиминирани во полу-финалната фаза. Меѓутоа поради караница со тренерот наскоро бил приморан да го напушти клубот.

На 22 јули, 2013 година бил позајмен на Њуел Олд Бојс на една година. На 1 ноември, со два гола против Колон, го достигнува и го надминува прагот од 300 гола во кариерата. На 27 јуни, 2014 ги објавил својте планови да се врати во Ривер Плејт за да ја заврши својата играчка кариера, но од клубот најавиле дека играчот не е во нивните планови за новата сезона.

На 30 јули 2014 му се приклучил на индискиот клуб Пуне Сити. На 21 јануари 2015, објавил крај на својата играчка кариера.[3]

Репрезентативна кариера[уреди]

Трезеге постигнал 34 гола во 71 настап за француската репрезентација во периодот помеѓу 1998 и 2008 година. Трезеге ја претставувал Франција на Светското првенство 1998, Европското 2000, Светското 2002, Европското 2004 и Светското 2006. И покрај освојувањето на Светското првенство со Франција во 1998, Трезеге можеби најмногу ќе остане запаметен по постигнувањето на златниот гол во финалето на Европското првенство 2000 против Италија кој на Франција и го донесе Европскиот наслов по победата со 2-1 во продолженијата.

Хронологија на репрезентативни настапи и голови[уреди]

Клупска статистика[уреди]

Статистиката е ажурирана на 9 декември 2014.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1993-1994 Аргентина Платенсе ПД 3 0 - - - - - - - - - 3 0
1994-1995 PD 2 0 - - - - - - - - - 2 0
Вкупно Платенсе 5 0 - - - - - - 5 0
1995-1996 Франција Monaco 2 CN 18 10 - - - - - - - - - 18 10
1996-1997 CN 14 12 - - - - - - - - - 14 12
Totale Monaco 2 32 22 - - - - - - 32 22
1995-1996 Франција Monaco D1 4 0 CdF+CdL 0+1 0 - - - - - - 5 0
1996-1997 D1 5 0 CdF+CdL 0 0 - - - - - - 5 0
1997-1998 D1 27 18 CdF+CdL 3+1 1+0 UCL 9 4 SF 1 1 41 24
1998-1999 D1 27 12 CdF+CdL 1+2 0 CU 5 2 - - - 35 14
1999-2000 D1 30 22 CdF+CdL 1+1 0 CU 7 2 - - - 39 24
Totale Монако 93 52 10 1 21 8 1 1 125 62
2000-2001 Италија Јувентус A 25 14 CI 2 0 UCL 5 1 - - - 32 15
2001-2002 А 34 24 CI 2 0 UCL 10 8 - - - 46 32
2002-2003 A 17 9 CI 1 0 UCL 10 4 SI 0 0 28 13
2003-2004 A 25 16 CI 3 1 UCL 5 4 SI 1 1 34 22
2004-2005 A 18 9 CI 1 1 UCL 5 4 - - - 24 14
2005-2006 A 32 23 CI 0 0 UCL 9 6 SI 1 0 42 29
2006-2007 Б 31 15 CI 1 0 - - - - - - 32 15
2007-2008 А 36 20 CI 3 0 - - - - - - 39 20
2008-2009 А 8 1 CI 3 0 UCL 4[4] 0 - - - 15 1
2009-2010 A 19 7 CI 0 0 UCL+UEL 4+4 1+2 - - - 27 10
ago. 2010 А 0 0 CI 0 0 UEL 1[5] 0 - - - 1 0
Вкупно Јувентус 245 138 16 2 57 30 2 1 320 171
ago. 2010-2011 Шпанија Еркулес PD 31 12 CR 0 0 - - - - - - 31 12
ago.-dic. 2011 ОАР Банијас PL 3 0 CEA 0 0 - - - EEC 1 0 4 0
gen.-giu. 2012 Аргентина Ривер Плејт BN 19 13 CA 2 1 - - - - - - 21 14
2012-2013 PD 16 3 CA 0 0 - - - - - - 16 3
Totale River Plate 35 16 2 1 - - - - 37 17
2013-2014 Аргентина Њуел'с Олд Бојс PD 24 7 CA 0 0 CL 6 2 - - - 30 9
2014 Индија Пуне Сити ISL 9 2 - - - - - - - - - 9 2
Вкупно во кариерата 477 249 28 3 84 40 4 2 593 294

Најмногу голови на еден натпревар[уреди]

Во својата кариера Трезеге постигнал најмногу три гола на еден натпревар, односно т.н. хет-трик. Вкупно има осум такви натпревари на кој постигнал хет-трик, од кој два во Лига 1 како играч на Монако и шест во Серија А како играч на Јувентус.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди]








Титули[уреди]

Клупски[уреди]

Франција Монако[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

Аргентина Ривер Плејт[уреди]

Ререзентативни[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Франческо Летиција (25 јуни 2007). „UFFICIALE: Trezeguet rinnova con la Juventus“. tuttomercatoweb.com. http://www.tuttomercatoweb.com/index.php?action=read&id=64433. конс. 25 јули 2008. 
  2. ANSA (25 јуни 2007). „Trezeguet, scelta decisiva per vita“. it.eurosport.yahoo.com. http://it.eurosport.yahoo.com/25062007/2/trezeguet-scelta-decisiva-per-vita.html. конс. 25 јули 2008. 
  3. Бен Грин (20 јануари 2015). „French legend David Trezeguet retires from professional football“. 101greatgoals. http://www.101greatgoals.com/blog/david-trezeguet-announces-retirement-from-professional-football/. конс. 25 март 2015. 
  4. Una presenza nel Terzo turno preliminare
  5. Turno preliminare.