Фор де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фор де Франс
Fort-de-France
Местоположба (црвено) во Мартиник
Местоположба (црвено) во Мартиник
Координати: 14°36′00″ N; 61°05′00″ W / 14.6° СГШ; 61.0833° ЗГД / 14.6; -61.0833Координати: 14°36′00″ N; 61°05′00″ W / 14.6° СГШ; 61.0833° ЗГД / 14.6; -61.0833
ЗемјаФранција
Прекуморски регион и департманМартиник
ОкругФор де Франс
Општ. заедницаЦентар на Мартиник
Управа
 • Градоначалник (2008–2014) Серж Лечими
Површина144,21 км2 (1,707 ми2)
Население (2007)291.249
 • Густина21/км2 (53/ми2)
Часовен појасUTC-4
INSEE/Пошт. бр.97209 / 97200
Надм. висина0 м )
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.
Утврдувањето Сен Луј

Фор де Франс (француски: Fort-de-France) — главен град на прекуморски департман Мартиник во состав на Франција и еден од главните на Карибите. Извезува шеќер, рум, конзервирано овошје и какао.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот е расположен на западниот брег на островот, кај северниот приод на голем залив и крај устието на реката Мадам. Сместен е во тесна рамница помеѓу ридовите и морето, но сепак е патно поврзан со сите делови на островот.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1638 г., Жак Дјел ди Парке (1606-1658), како прв управник на Мартиник, решил да го изгради утврдување „Сен Луј“ за да го заштити градот од напади. Упориштето набргу било разурнато и преизградено во 1669, со кога кралот Луј XIV го назначил Маркизот од Ба за генерален управник. По наредба на маркизот и неговите наследници (особено грофот од Бленак), утврдувањето е изградено според проект на славниот војсководец Вобан.

Административниот центар на Мартиник најпрвин го носел името Фор Ројал (Fort-Royal), но бил засенет од градот Сен Пјер како најстар град на островот и негов стопански и културен центар (наречен „Париз на Карибите“). За време на Француската револуција, градот го добил името „Фор Ла Републик“ (Fort-La-Republique), за во XIX век конечно да биде наречен Фор де Франс. Старото име Фор Ројал и денес опстојува во разговорниот јазик, во креолскиот облик „Фојал“, а неговите граѓани се нарекуваат фојалци (Foyalais).

Градот двапати страдал од катастрофи: од земјотрес во 1839 и пожар во 1890. На почетокот на XX век, Фор де Франс добил на стопанско значење, со уништувањето на градот Сен Пјер во ерупцијата на вулканот Пеле. Но и покрај стопанската важност, градот никогаш не го достигнал културниот престиж на уништениот град.

Поморска база[уреди | уреди извор]

Утврдувањето Сен Луј во Фор де Франс е поморска база на француската морнарица.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Покрај Сан Луј, постојат уште три други утврдувања:

  • Десе
  • Тартансон
  • Жербо

Други места од интерес:

  • Плоштад „Саван“
  • Библиотека „Шелхер“
  • Ботаничка градина на Балата
  • Црква Свето Срце на Балата - инспирирана од париската базилика со исто име
  • Катедрала на Фор де Франс

Во градските градини стои статуа на царицата Жозефина, сопругата на Наполеон Бонапарт, која е родена на Мартиник.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Во предградие на Фор де Франс е сместен меѓународниот аеродром „Еме Сезер“ - Мартиник.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]