Филипсбург (Свети Мартин)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Филипсбург
Philipburg
Поглед на Големиот Залив и Филипсбург
Поглед на Големиот Залив и Филипсбург

Местоположба на Филипсбург во рамките на островот Свети Мартин
Земја Холандија
Сост. земјаСвети Мартин (Холандија) Свети Мартин
ОстровСвети Мартин
Пристигање на Колумбо11 ноември 1493
Население (2011)
 • Вкупно1.327
КлимаAw

Филипсбург (холандски: Philipsburg) — главно гратче на холандската територија Свети Мартин на истоимениот остров во Карибите. Сместен е на теснец помеѓу Големиот Залив и Големата Солена Бара навнатре во островот. Претставува важен трговски средиште за целиот остров, чија јужна половина е холандска. Во 2011 г. гратчето броело 1.327 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Гратчето е основано во 1763 г. од шкотскиот капетан Џон Филипс кој бил во служба на Холандија и набргу стекнало на важност во меѓународната трговија. Има две тврдини кои сведочат за неговата стратешка важност во минатото, наречени Амстердам и Вилем.[1]

Клима[уреди | уреди извор]

Островот има тропска саванска клима (класа Aw),[2] и е посув од другите краишта на североисточните Кариби поради дождовната сенка која ја фрлаат планините, притоа сушејќи ги североисточните пасати. Најсув е периодот од јануари до јули, а највеќе врнежи има од септември до ноември, кога честопати настапуваат ураганите во регионот.

Туризам[уреди | уреди извор]

Пазарот во Филипсбург.

Главна трговска улица е Фронт Стрит (во прев. „Предна Улица“) во самиот центар на градот, која има доста продавници. Пристаништето редовно го посетуваат голем број патнички крстосувачи, меѓу кои и најголемите и најпознатите.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Воздухопловство[уреди | уреди извор]

Авион на превозникот „Корсер“.

Заадно од Филипсбург е сместен Меѓународниот аеродром „Принцеза Јулијана“ (IATA: SXM, ICAO: TNCM), кој важи за своевидна знаменитост поради полетувањата и слетувањата во физички ограничен простор. Особено популарен е млазниот истисок на авионите при полет, кој предизвикува бранови и ги воодушевува посетителите, иако ова може да биде опасно доколку луѓето не се придржуваат до безбедносните напатствија.

Образование[уреди | уреди извор]

Во гратчето има неколку училишта:[3]

  • „Орање“ — државно основно училиште
  • „Сестра Борџа“ — полудржавно основно училиште
  • „Свети Јосиф“ — полудржавно основно училиште
  • „Песочен часовник“ — полудржавно средно училиште

Покрај училиштата, Филипсбург има и јавна библиотека наречена „Јубилејна библиотека на Филипсбург“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Accenting St. Maarten, Dutch Caribbean“. geographia.com. 
  2. „Philipsburg, Sint Maarten Köppen Climate Classification (Weatherbase)“. Weatherbase. 
  3. "Список на училишта — Управа на Свети Мартин. посет. 28 февруари 2018 г
  4. Контакт. Јубилејна библиотека на Филипсбург. посет. 28 февруари 2018 г

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 18°01′25″ СГШ; 63°02′45″ ЗГД / 18.0237° СГШ; 63.0458° ЗГД / 18.0237; -63.0458