Густавија
Густавија Gustavia | |
---|---|
гратче и округ | |
Поглед на Густавија | |
Густавија во рамките на Свети Вартоломеј | |
Земја | ![]() |
Прекум. заедница | Свети Вартоломеј |
Основана | 1785 |
Управа | |
• Претседавач | Брино Магра |
Површина | |
• Вкупна | 3,4 км2 (13 ми2) |
Население | |
• Вкупно | 2,300 |
Час. појас | AST (UTC-4) |

Густавија (француски: Gustavia) — гратче и управно седиште на францускиот остров Свети Вартоломеј во Карибите. Населението брои 2.300 жители, а наречено е по шведскиот крал Густав III.
Историја
[уреди | уреди извор]Свети Вартоломеј први го зазеле Французите во 1648 г. Островот е предаден на Шведска во 1784 г. во замена за трговски права во градот Гетеборг, кога воедно е основана Шведската западноиндиска компанија. Prospering during the Наполеоновите војни, assets were low thereafter, and the island was sold back to France in 1878.
Местото на денешното гратче првично го носело француското име Ле Каренаж (Le Carénage - „кобиличница“) по засолништето за поправка на оштетени бродови. Според архивските материјали, Gustavia за првпат се среќава кон крајот на 1786 и почетокот на 1787 година. Денес името е оставнина времето на шведското владеење.
Од средината до крајот на XVII век се изградени три тврдини како заштита за заливот и пристаништето: Оскарова (порано Густав Адолфова), Карлова и Густавова. Крај брегот се наоѓа англиканската црква „Св. Вартоломеј“, изградена во 1855 г.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Густавија е збратимена со градот Питео во покраината Норботен, Шведска
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Популарни знаменитости во и околу гратчето се крајбрежната Карлова тврдина јужно од градот и Густавовата тврдина на север со нејзиниот светилник. На крајот од Густавискиот Полуостров е Оскаровата тврдина, во која е сместена жандармеријата, а понатаму е и музејот. Шведска има свој конзулат.
Клима
[уреди | уреди извор]Островот има тропска саванска клима (Aw) според Кепеновата класификација[1], со мали температурни разлики низ годината. Поради неговата мала површина (24 км2), низ островот струјат благи и пријатни пасати. Водата има просечна температура од 27 °C, а годината е поделена на две сезони: сува и дождовна. Дождовната настапува од мај до ноември и се одликува со постојана сончевина и кратки врнежнии со траење од 10-15 минути.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во Густавија има неколку ресторани со американска, италијанска, француска и други кујни. Покрај тоа, во гратчето има бројни ексклузивни бутици и луксузен хотел кои ги носат неопходните приходи за островот. Матична валута е еврото.
Образование
[уреди | уреди извор]Гратчето има претшколска установа и основно училиште, обете во надлежност на Академијата на Гваделуп.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Gustavia, Saint Barthélemy Köppen Climate Classification“. Weatherbase.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-11. Посетено на 19 јуни 2015.
- ↑ "Liste des ecoles publiques et privees sous contrat." Académie de la Guadeloupe. посет. 10 март 2018 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Густавија“ на Ризницата ? |
- Заедница Свети Вартоломеј (француски)
- Туристички портал на Свети Вартломеј (француски)
- Густависко пристаниште — мрежно место (француски)
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Свети Вартоломеј“ (англиски)
- Густавија — Википатување (англиски)