Вилемстад

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилемстад
Willemstad
Поглед на Вилемстад
Поглед на Вилемстад

Вилемстад во рамките на Курасао
Држава Холандија
Составна земја Курасао
Основан1634
ЧетвртоПунда, Отробанда, Схарло, Питермај Смал
Население (2013)
 • Вкупно150.000
Светско наследство на УНЕСКО
Службен називИсториско подрачје на Вилемстад, Внатрешниот Град и пристаништето, Курасао
КритериумКултурно: ii, iv, v
Навод819
Запис1997 (XXI заседание)
Површина86 ха
Преоден појас87 ха

Вилемстад (холандски: Willemstad) — главен град на островот Курасао во состав на Кралството Холандија. Бил главен град на Холандските Антили пред нивното распуштање во 2010 г. и денес брои 150.000 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во југоисточниот дел на островот и е распореден околу засолнетиот залив Схотегат поврзан со морето преку тесниот проток Света Ана. Во ова подрачје е стариот градски центар со своите четири маала: Пунда и Отробанда сместени од двете страни на протокот, додека пак Схарло и Питермај Смал се од обете страни на помалиот залив Вајгат.

Клима[уреди | уреди извор]

Вилемстад има врела полусува клима (Кепенова класа BSh), со преодни одлики кон суволетна тропска саванска клима (класа As).

Историја[уреди | уреди извор]

Првата населба подрачјето на градот е Пунда, основана од Холанѓаните во 1634 г. со успешното заземање на островот кој доготаш бил под шпанска власт. Изворното име било de punt што на холандски значи „точка“. Сепак, за културен центар на градот се смета Отробанда, основана во 1707 г.; ова име води потекло од папијаментскиот поим otro banda, што значи „другата страна“. Денешниот град е наречен по холандскиот владетел, принцот Вилем II Орански (вл. 1647-50).

Синагогата е изградена од сефардските Евреи доселени од Амстердам и Ресифе во Бразил.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Туризам[уреди | уреди извор]

Зградата „Пења“, изградена во 1708 г.
Тврдината Амстердам од морето.

Туризмот е меѓу најважните стопански гранки на Вилемстад, во кој има повеќе казина. Архитектурата е колонијална, со влијание од холандските стилови. Градската синагога е најстариот постоечки еврејски храм во цела Америка. Стариот дел на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО поради неговите посебни градби и пристаништето. Во градот има и археолошки ископини.[1]

Нафтена индустрија[уреди | уреди извор]

Вилемстад е најважно пристаниште за нафтената индустрија на Карибите, што се должи на неговата положба близу венецуелските нафтени полиња, политичката стабилност и длабоките крајбрежни води. Неговата рафинерија е изградена од „Шел“ во 1915 г. и некогаш важела за најголема во светот.[2]

Четирите ограноци на „Шел“[3] (рафинеријата, складот, реморкерите и дистрибуцијата) се продадени на владата на Курасао во 1985 г.[4] по симболична цена од еден гилдер по претпријатие.[5] Денес владата ги издава под наем на венецуелското државно претпријатие „Венецуелска нафта“ (PDVSA). Во Вилемстад има седиште и претпријатието „Шлумбергер“, кое е најголем изведувач на работите на нафтените полиња во светот.[6]

Финансиски услуги[уреди | уреди извор]

Во градот се седиштата на поголем број даватели на финансиски услуги поради поволната даночна политика на Курасао.

Образование[уреди | уреди извор]

Покрај училиштата, во Вилемстад се наоѓа медицинската академија „Авалон“, како и Медицинскиот универзитет на Карибите[7] недалеку од градскиот центар.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Мостот „Кралица Ема“

Воздухопловство[уреди | уреди извор]

Градот го опслужува Меѓународниот аеродром Курасао, сместен на 12 км северно од градот, а со годишна прометност од 2 милиони патници. Ова е матично леталиште на „Инсел ер“, националниот авиопревозник на Курасао.[8]

Мостови[уреди | уреди извор]

Пунда и Отробанда се поврзани со долгиот пловечки мост „Кралица Ема“. Иако сè уште е во употреба, денес најпрометен е мостот „Кралица Јулијана“ (изг. во 1967 г. и обновен десет години подоцна) кој се издига во лак the bay further inland. Nearby is also the now non-functioning подвижен мост „Кралица Вилхелмина“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Willemstad : a road to a methodical way of conducting archaeological research for Curaçao by Amy Victorina“. Manioc.org. 2011-07-25. конс. 2012-06-16. 
  2. „Curaçao Investment Corp page describing the refinery“. конс. 1 April 2008. 
  3. Shell, Willemstad page.
  4. „Refinery deal in Curaçao“. New York Times. 1985-09-26. 
  5. Op 23 september van dat jaar deed Shell, na maandenlange onderhandelingen met de Antilliaanse en Nederlandse regeringen, de raffinaderij aan de Buscabaai alsmede de tankopslag, het sleepbootbedrijf en de lokale verkoopmaatschappij voor een gulden per bedrijf, dus in totaal vier gulden, 'met alle lusten en lasten' over aan de Nederlandse Antillen en Curaçao. nrc.ln/nieuws
  6. „Schlumberger N.V. - Company Information“. 
  7. Caribbean Medical University, official website.
  8. "General conditions" (Archive) Инсел ер. посет. 21 март 2014 г. "Our Registered Address is Dokweg 19, Maduro Plaza, Willemstad, Curaçao, Netherlands Antilles."

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 12°07′00″ СГШ; 68°56′00″ ЗГД / 12.1166° СГШ; 68.9333° ЗГД / 12.1166; -68.9333