Се наоѓа на надморска висина од 76 метри.[2] Бил изграден источно од истоименатарека, 80 километри од брегот на Карипското Море, каде се наоѓа поранешниот главен град на Белиз - Белиз. Градот Белиз бил седиште на државата Белиз сè до неговото уништување од ураган во 1961 година.[2][3] Владата се преселила во Белмопан во 1970.[4] Зградата на народното собрание е дизајнирана така што претставува преткокумбовски мајански храм. Белмопан е еден од најмалите главни градови во светот.