Меѓународна организација за цивилно воздухопловство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ICAO)
Прејди на: содржини, барај
Small Flag of the United Nations ZP.svg   Меѓународна организација за цивилно воздухопловство
 
Flag of ICAO.svg
Знамето на ИЦАО
Тип Агенција на ООН
Акроними ICAO
OACI
ИКАО
إيكاو
OPSI
Челник Рајмонд Бенџамин
Статус активна
Основана 4 април 1947[1]
Штаб Монтреал, Квебек, Канада
Мрежно место icao.int
Портал Портал:Обединети Нации ООН Портал

Меѓународна организација за цивилно воздухопловство (ИКАО; англиски: International Civil Aviation Organization) — специјализирана агенција на Обединетите нации, која ги востановува принципите и техниките во меѓународното воздухопловство и меѓународниот аеротранспорт со цел да обезбеди безбеден, ефикасен и уреден развој на воздухопловството. Седиштето на ИКАО се наоѓа во Монтреал, Канада.

Советот на ИКАО усвојува стандарди и практики коишто се однесуваат на воздухопловството, спречување на незаконски попречувања и олеснување на процедури за преминување на граница за меѓународното цивилно воздухопловство. Освен тоа, ИКАО ги дефинира протоколите во случај на воздушни несреќи и истраги, како и безбеден превоз на надлежните власти во земјите потписнички на Конференција за меѓународно цивилно воздухопловство, попозната како Чикашка конференција. ИКАО не треба да се меша со Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), меѓународна индустриска група на авиокомпании исто така со седиште во Монтреал.

Статут на ИКАО[уреди | уреди извор]

Деветтото издание на Конференцијата за меѓународно цивилно воздухопловство ги содржи промените од 1948 г. па се до 2006 г. Сегашното издание на Конференцијата е познато како статут и е именувано како ICAO Doc 7300/9. Конференцијата има 18 анекси. Овие анекси се наоѓаат во делот именуван како Конференција за меѓународно цивилно воздухопловство.

Стандарди на ИКАО[уреди | уреди извор]

ИКАО исто така усогласува одредени функции кои се применуваат во воздухопловната индустрија, како што е на пр. Системот за аеронаутичко пренесување на пораки (AMHS), со што официјално станува и организација за стандарди.

ИКАО исто така го дефинира и Меѓународниот стандард за атмосфера (познат и како Стандард за атмосфера на ИКАО), модел на стандардна варијација на притисокот, температурата, густината, вискозноста и апсолутната висина на Земјината атмосфера. Ова е корисно при бирање на инструменти и конструирање на авиони.[2] ИКАО стандардизира и пасоши на база на автоматско читање во целиот свет.[3] На овој начин, се овозможува побрзо обработување на податоците и се избегнува процедурата на нивно рачно внесување во компјутер. ИКАО објавува патни исправи на база на автоматско читање.[4] Како најнов стандард е оној за биометричките пасоши. Тие функционираат на база на микрочип на кој се сместени основните податоци на патниците.

Кодови на ИКАО[уреди | уреди извор]

ИКАО и ИАТА во развојот на стандардните спецификации и процедури доделуваат и посебни кодови кои се користат во разни видови на комуникација на пр. комуникација воздух- земја, воздухопловната телефонија итн. ИЦАО има изработено посебни кодови за аеродроми и авиокомпании. За аеродромите ИЦАО користи кодови со 4 букви, а за авиокомпаниите кодови со 3 букви. Во САД кодовите на ИЦАО се слични со кодовите на ИАТА, со префикс „ К ” – LAX е всушност KLAX. Во Канада, префиксот „ C ” се додава на кодот на ИАТА за да се добие кодот на ИЦАО- на пр. YEG e CYEG. Во останатиот дел од светот кодовите на ИАТА и на ИКАО се сосема различни, на пр. меѓународниот аеродром Париз-Шарл де Гол има ИКАО код LFPG, a ИАТА код CDG. ИКАО исто така издава и алфанумерични кодови кои содржат од 2 - 4 букви. Овие кодови се типични за плановите за летање.

Региони и регионални канцеларии[уреди | уреди извор]

Седиштето на ИКАО, Монтреал, Канада

ИКАО има седум регионални канцеларии кои опслужуваат девет региони:

1. Азија и Пацифик, Бангкок, Тајланд
2. Среден Исток, Каиро, Египет
3. Западна и Централна Африка, Дакар, Сенегал
4. Јужна Америка, Лима, Перу
5. Северна Америка, Централна Америка и Карипските острови, Мексико, Мексико
6. Источна и Јужна Африка, Најроби, Кенија
7. Европа и Северен Атлантик, Париз, Франција

Раководство на ИКАО[уреди | уреди извор]

Список на Генерални секретари[уреди | уреди извор]

Список на претседателите на Советот[уреди | уреди извор]

  • Едвард Пирсон Варнер (САД) (1947-1957)
  • Валтер Бинаги (Аргентина) (1957- 1976)
  • Асад Котејт (Либан) (1976-2006)
  • Роберто Кобех Гонзалез (Мексико) (2006–2013)
  • Олумујува Бенард Алиу (Нигерија) (2013-денес)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]