Аеродром Париз-Шарл де Гол

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Париз Шарл де Гол
Aéroport Paris-Charles-de-Gaulle
Paris-Charles de Gaulle Airport
Aéroport CDG.jpg
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
08L/26R 13,829 4,215 Асфалт
08R/26L 8,858 2,700 Цемент
09L/27R 8,858 2,700 Асфалт
09R/27L 13,780 4,200 Асфалт

Аеродромот Париз - Шарл де Гол (IATA: CDG, ICAO: LFPG) (фран. Aéroport Paris-Charles de Gaulle), е еден од најголемите аеродроми на светот, а исто така и најголем аеродром во Франција. Лоциран е на некои 25 километри од центарот на Париз, во близина на гратчето Роаси. Во 2007 година, аеродромот беше на прво место по сообраќај во Европа сo 552,721 полетувања и спуштања, пред Франкфурт и Мадрид. Исто така и во превоз на карго товар, аеродромот беше на прво место пред Франкфурт, Амстердам и Лондон Хитроу. Во однос на статистиката на процесирани патници, аеродромот беше рангиран втор, со 59,919,383 патници, по Лондон Хитроу (68,068,554), и пред Франкфурт (54,161,856) и Мадрид (52,143,275).

Географија[уреди]

Аеродромот зафаќа површина од 32,38 км² земја. Изборот за овој простор беше поради тоа што на теренот беше возможно да се прават надоградби во иднина. Менаџментот на аеродромот е под контрола на Aéroports de Paris, кој исто така ги контролира и аеродромите Париз Орли и Париз Ле Бурже.

Историја[уреди]

Планирањето и конструкцијата на аеродромот започнаа во 1966 година. На 8 март, 1974 година аеродромот кој дотогаш беше именуван Aéroport de Paris Nord, беше преименуван во Aéroport Paris-Charles-de-Gaulle и офијцијално почна со работа. Терминалот 1 беше изграден во авантгарден стил, со зграда од 10 нивоа и 7 сателити околу терминалот, секој од нив со по четири порти. Главниот архитект беше Пол Андро, кој исто така беше и одговорен за следните проекти на аеродромот.

Мехран Карими Насери[уреди]

Мехран Карими Насери

На 26 Август, 1988, Мехран Карими Насери беше задржан на аеродромот од страна на имиграционите власти. Тој објаснуваше дека е бегалец, и дека неговите документи кои ќе го докажат тоа се украдени. По неколкугодишна инвестигација, беше заклучено дека Мехран влегол легално во Франција, но поради тоа што нема никакви документи, нема да можат да го вратат назад во неговата родна земја. Насари продолжи да живее во терминалот се до 2006 година, иако Француските власти му овозможија да излезе од аеродромот. Тој беше инспирација за филмот Терминал. Во јули 2006 година, тој беше хоспитализиран во болница и потоа му се губи секаква трага.

Колапсот на Терминалот 2Е[уреди]

Терминалот 2Е, изграден со широки отворени простори во него, беше последниот најнов терминал на аеродромот. На 23 Мај, 2004 година, дел од покривот на терминалот попушти и се урна, при што загинаа 4 патници, од кои двајца Кинези, еден Французин и еден Чех. Пред да се случи овој инцидент, менаџментот на аеродромот имаше во план да го понуди на јавен тендер управувањето со терминалот. Но овој инцидент ги наруши плановите на менаџментот. Во февруари 2005 година беа објавени резултатите од истрагата. Експертите изјавија дека немало посериозна грешка во изградбата на терминалот, туку покривот не бил проектиран доволно цврст за да ја издржи сопствената тежина на металните елементи. Извори блиски до истрагата рекле дека целиот терминал бил направен со не многу квалитетни материјали за да се намалат трошоците. На 17 март, 2005 година, менаџментот донесува одлука да го минира и да го изгради одново целиот терминал, инвестиција тешка околу 100 милиони евра. Реконструкцијата би ја заменила сегашната конструкција со полесна конструкција направена од стакло и челик. Терминалот е отворен комплетно повторно на 30 март, 2008.

Инциденти[уреди]

  • На 19 септември, 1989 година, авион на авиокомпанијата UTA експлодира над пустината Сахара, летајќи на релација Париз - Бразавил.
  • На 24 декември, 1994 година, авион на Air France, од Алжир до Париз, беше нападнат од терористи на аеродромот во Алжир. На барање на терористите, авионот слета во Марсеј, со план да продолжи кон Париз и да се сруши во Ајфеловата кула, но Француските специјалци со успешност ги совладуваат четворицата терористи.
  • На 17 јули, 1996 година, авион на TWA кол леташе на релација Париз де Гол - Њујорк Кенеди се урна во близина на Long Island.
  • На 25 јули, 2000 година, Конкорд на Air France, се урна во хотел веднаш по полетувањето од аеродромот. Причината е тоа што дел од авионот кој претходно полетал останал на пистата. Сите патници починале, како и четворица случајни минувачи.
  • На 22 декември, 2001 година, терорист на Ал Каеда, со име Ришард Реид се обиде да запали експлозивен материјал за време на летот 63 на American Airlines, кој сообраќаше на линијата Париз-Шарл де Гол - Мајами. Тој беше уапсен откога патникот до него намириса сулфур.

Терминали[уреди]

Аеродромот Париз де Гол се состои од три терминални згради. Терминал 1 има единствена терминална зграда, со 7 сателити за заминување и пристигање. Дизајнирани се подземни шеталишта преку кој патниците може да дојдат до саканиот сателит. Терминал 2 денеска се состои од повеќе терминални згради поврзани заедно со земни или подземни тунели. Постојат шест терминални згради: 2А, 2Б, 2Ц, 2Д, 2Е и 2Ф. Терминалот има исто така и железничка станица, преку која патниците може да стигнат до Париз и до други Француски градови. Терминал 3 служи најмногу за чартер и ниско-буџетни авиокомпании.

Транспорт од аеродромот[уреди]

Аеродромот е поврзан со метро мрежата на Париз, и метрото сообраќа 3 до 4 пати на секој час до центарот на Париз. Француските железници сообраќаат исто така до главната железничка станица во Париз, како и до остананатите Француски градови. Постојат две метро станици на аеродромот:

  • Првата, наречена Paris Aéroport Charles de Gaulle 1, лоцирана во комплексот со хотели и канцеларии, веднаш до терминалот 3, и е преферириан начин на транспорт на патниците од првиот и третиот терминал.
  • Втората, наречена Paris Aéroport Charles de Gaulle 2, лоцирана е веднаш до железничката станица под Терминал 2.

Исто така постојат и автобуски станици веднаш до метро станицата Paris Aéroport Charles de Gaulle 2. Автобусите со број 350 и 351 сообраќаат до центарот на Париз.

Авиокомпании и дестинации[уреди]

Терминал 1[уреди]

Поглед од воздух на терминалот 1
Стариот дел од Терминал 1

Терминал 2[уреди]

Хала A (Терминал 2A)[уреди]

Хала Б (Терминал 2Б)[уреди]

Хала Ц (Tерминал 2Ц)[уреди]

  • Air France (Абиџан, Антананариво, Бангалор, Бразавил, Ченај, Котону, Делхи, Дуала, Хавана, Киншаса, Либревил, Ломе, Мумбај, Ст. Маартен, Пунта Кана, Санто Доминго, Техеран, Јаунде)
  • Emirates Airline (Дубаи)
  • Iran Air (Техеран)
  • Vietnam Airlines (Ханој, Хо Ши Мин)

Хала Д (Терминал 2Д)[уреди]

Хала E (Терминал 2E)[уреди]

  • Aeroflot (Москва Шереметјево)
  • Aeroméxico (Meксико Сити)
  • Air France (Аман, Атланта, Бамако, Бангкок, Пекинг, Белград, Бостон, Буенос Аирес, Чикаго О'Хара, Конакру, Дакар, Дамаскус, Детроит, Гвангжу, Ханој, Хо Ши Мин, Хонгконг, Хјустон, Истанбул Ататурк, Jоханесбург, Лондон Хитроу, Лос Анѓелес, Манчестер, Мексико Сити, Мајами, Москва Шереметјево, Њујорк Кенеди, Нуарк, Оугадогоу, Папете, Филаделфија, Поинте-а-Питре, Рио де Жанеиро, Санкт Петербург, Сан Франциско, Сантијаго де Чиле, Сао Паоло, Сиетл, Сеул, Сингапур, Тел Авив, Вашингтон, Ереван)
    • Air France оперирано од Airlinair (Бристол, Саутемптон)
    • Air France оперирано од Brit Air (Њукасл, Загреб)
    • Air France оперирано од CityJet (Бирмингем, Даблин, Единбург, Лондон Сити, Шенон)
    • Air France operated by Régional (Aбердин)
  • China Southern Airlines (Гвангжу)
  • Delta Air Lines (Атланта, Синсинати, Њујорк Кенеди, Солт Лејк Сити)
  • Northwest Airlines (Детроит, Минеаполис/Ст.Пол)

Хала Ф (Терминал 2Ф)[уреди]

2Ф1 (Шенген летови)[уреди]
2Ф2 (Non-Schengen)[уреди]