Прејди на содржината

Луфтханза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Луфтханза
IATA ICAO Ознака
LH DLH LUFTHANSA
Основан1926 (како Deutsche Luft Hansa Aktiengesellschaft), ре-основана1954
Јазли
Поважни градови
Програма за чести летачиMiles & More
Аеродромски салонHON / Senator Lounge
СојузStar Alliance
Летала276 (+ 166 нарачки + 90 опции); Lufthansa AG вклучувајќи ги и подружниците: 531
Одредишта209 во 81 земја (заклучно со јуни 2008)
ГеслоThere's no better way to fly.
СедиштеКелн, Германија
РаководствоJürgen Weber (Претседател на одборот на директори), Wolfgang Mayrhuber(CEO), Stefan Lauer (), Stephan Gemkow (CFO)
Мрежо местоhttp://www.lufthansa.de/

Луфтханза АГ е најголемата авиокомпанија во Европа во смисла на превоз на патници и национален авиопревозник на Германија. Името на компанијата потекнува од "Luft", германски збор за воздух, и "Hansa", моќна средновековна трговска компанија. Авиокомпанијата е петта по големина во целиот свет, оперира на 209 одредишта во 81 земја. Луфтханза ја има втората најголема флота на авиони во светот. Седиштето на авиокомпанијата е во Келн, Германија, додека централниот аеродром кој го користи авиокомпанијата е аеродром Франкфурт, со втор хуб аеродром Минхен. Луфтџанза е првиот член на Star Alliance, најголемата светска алијанса на авиокомпании. Star Alliance беше формирана во 1997 година заедно со Thai Airways, United Airlines, Air Canada и SAS Scandinavian Airlines System. Моментално, Star Alliance има 20 членови и 3 регионални члена. Луфтханза оперира со преку 400 авиони и вработува 105,261 луѓе ширум светот. Во 2007 година, 83.1 милиони патници летаа со Луфтханза.

Седиштето на Луфтханза во Келн, Германија

Историја

[уреди | уреди извор]

Компанијата беше основана на 6 јануари 1926 година во Берлин. На 9 декември 1927, по договор на Германската и Шпанската влада, Луфтханза започнува со редовна линија помеѓу Берлин и Мадрид. Со овој договор, исто така е предвидено и создавање на Шпанска авиокомпанија, Иберија. Во годините пред втората светска војна, Луфтханза започнува со летови до далечниот Исток, северна и јужна Америка, но со завршувањето на втората светска војна сите линии се суспендирани. Луфтханза беше реоснована на 6 јануари 1953 година. Во 1958 година, Луфтханза направи нарачка од 4 авиони Боинг 707, со главна намена, започнување на летови од Франкфурт до Њујорк. Боинг 720 беа купени подоцна со цел да ги заменат веќе дотрајаните Боинг 707. Луфтханза го додаде Боинг 727 во својата флота во 1964, и во мај истата година, започнаа поларни летови од Франкфурт до Токио. Луфтханза беше исто така првиот корисник на Боинг 737, и со тоа стана првиот корисник на Боинг авиони вон границита на САД. Со почетокот на ерата на големи авиони, Луфтханза влезе на голема врата со Bоинг 747. Во 1971 година, Луфтханза започна сервис и кон Јужна Америка. Најголемата модернизација и реновација на компанијата започна во 1985 година, со нарачка на 15 Airbus A320 и седум Airbus A300-600 авиони. Десет Boeing 737-300 беа нарачани неколку дена потоа. Сите тие воздухоплови беа испорачани во периодот од 1987 до 1992 година. Луфтханза исто така нарача и Airbus A321, Airbus A340 и Boeing 747. Монентално, Луфтханза има договор со Американската авиокомпанија JetBlue, со кој поседува 19% од компанијата. Ова е прво здружување на Американска е Европска авиокомпанија по потпишувањето на openskies договорот. Исто така Луфтханза се обидува да ја присвои и Полската национална авиокомпанија LOТ, која сѐ уште е во сопственост на Полската влада.

Airbus A300B4-600R
Airbus A319-100

Подружници на Луфтханза

[уреди | уреди извор]
  • SunExpress, Авиокомпанија заснована во Анталија, 50% од авиокомпанијат е во сопственост на Луфтханза и 50% на Turkish Airlines
  • Swiss International Air Lines, авиокомпанија заснована во Цирих, Швајцарија сопственост на Луфтханза
  • Lufthansa Cargo, логистика на товар
  • Lufthansa Technik, нуди одржување на авиони
  • Lufthansa Systems, најголемиот европски информатички услужник за авиони во Европа
  • Lufthansa Regional, бренд опериран од алијанса од неколку помали авиокомпании вклучувајќи ја и Lufthansa CityLine
  • Lufthansa CityLine, регионален авиопревозник во целосна сопственост на Луфтханза
  • Air Dolomiti, авиокомпанија заснована во Трст, Италија
  • Delvag, осигурителна компанија специјализирана за авиотранспорт
  • LSG Sky Chefs, најголемиот светски снабдувач со храна и пијалаци во авио индустријата
  • Lufthansa Flight Training, летачка школа за пилотите на Луфтханза
  • Condor, чартер авиокомпанија во која Луфтханза поседува 24.9%
  • Lufthansa поседува 13% од Luxair.
  • 49% of Eurowings регионален авиопревозник, кој е во целосна сопственост на Germanwings, low-cost превозник кој оперира летови низ Европа
  • 30% сопственост од BMI, авиокомпанија во Англија
  • Lufthansa поседува 19% од акциите во JetBlue.[1]
  • Lufthansa Commercial Holding, содржи повеќе од 400 сервици и финансиски компании во кои Луфтханза поседува одредена сопственост

Луфтханза и Луфтханза CityLine оперираат со следниве авиони заклучно со 14 јули 2008 година:

Lufthansa Fleet
Авион Вкупно Патници
(Прва/Бизнис*/Економска)
Рута Забелешки
Airbus A300-600R 14 280* Германија, Европа, Африка, Казахстан и Пакистан
Airbus A319-100 20
(11 orders)
126* Германија, Европа и Северна Африка
Airbus A320-200 36
(14 нарачки)
(30 опции)
за целата Airbus A320 фамилија
150* Германија, Европа
Airbus A321-100/200 31
(30 orders)
182* Германија, Европа, Египет, Јордан Најголем оператор на Airbus A321
Airbus A330-300 14
(3 orders)
221 (8/48/165) Франкфурт и Минхен со Северна Америка, Африка,
Блискиот Исток и Азија, исто така се користи и на релација Франкфурт - Минхен
Airbus A340-300 28 247 (8/42/197) Франкфурт до Северна Америка, Африка, Јужна Америка, Блискиот Исток и Африка, Минхен до Северна Америка и Азија, Диселдорф до Њујорк, Чикаго и Торонто Најголем оператор на Airbus A340-300
Airbus A340-600 20
(4 нарачки)
306 (8/60/238) Франкфурт и Минхен со Северна Америка, Азија,
исто така се користи и на релација Франкфурт - Минхен
Најголем оператор на Airbus A340-600
Airbus A380-800 (15 нарачки)
(10 опции)
555 Најверојатно Франкфурт со Северна Америка и Азија влез во сервис: 2009
Avro RJ85 18 93* Германија, Европа Оперирано од Cityline
Boeing 737-300 33 127* Германија, Европа крај на употреба: 2012
авион за замена: Airbus A320 фамилија
Boeing 737-500 30 111* Германија, Европа и Северна Африка крај на употреба: 2010
авион за замена: Airbus A320 Family, Embraer 190
Boeing 747-400 30 344 (16/66/270) Франкфурт до Северна Америка, Јужна Америка, Близок Исток и Азија крај на употреба: 2010-2012
авион за замена: Boeing 747-8, A340-600 and A380
Boeing 747-8 (20 нарачки)
(20 опции)
Најверојатно Франкфурт до Северна Америка, Јужна Америка, Близок Исток и Азија Прв корисник
влез во употреба: 2010
Bombardier CRJ-100/200 26 50* Германија, Европа Оперирано од Луфтханза Cityline
Bombardier CRJ-700 22 70* Германија, Европа Оперирано од Lufthansa Cityline и Eurowings (Lufthansa Regional)
Bombardier CRJ-900 12
(15 нарачки)
84* Германија, Европа Оперирано од Луфтханза Cityline
Bombardier CSeries 0
(30 нарачки)
(30 опции)
100, 130 Германија, Европа Нема сѐ уште нарачки, влез во употреба: 2013 - Прв корисник
Embraer 190 (30 нарачки) Германија, Европа влез во употреба: 2009


Согласно март 2008, просечната старост на авионите е 12.8 години.

Одредишта

[уреди | уреди извор]