Swiss International Air Lines

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Swiss International Air Lines
Airbus-SWISS.jpg
IATA ICAO Ознака
LX SWR SWISS
Основан 2001 после банкротирањето на Swissair
Јазли Аеродром Цирих
Поважни градови Аеродром Женева,
Аеродром Базел/Мулхоуз
Програма за чести летачи Miles & More
Аеродромски салон Swiss Lounge
Сојуз Star Alliance
Летала 78 (+11 нарачки)
Одредишта 76
Матично претпријатие Луфтханза
Седиште Базел, Швајцарија
Раководство Dr. Christoph Franz (Претседател и Извршен Директор)
Мрежо место http://www.swiss.com

Swiss International Air Lines или само Swiss е национална авиокомпанија на Швајцарија, која оперира на дестинации во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Азија. Главна централа е аеродромот во Цирих. Авиокомпанијата е во сопственост на Германската авиокомпанија Луфтханза.

Проблематичен почеток[уреди | уреди извор]

Авиокомпанијата беше формирана по банкротирањето на поранешниот Швајцарски национален авиопревозник Swiss Air. Загубите постоеја се до почетокот на 2005, кога најголемите акционери во авиокомпанијата, Credit Suisse и UBS, склучија договор за продажба на дел од нивните акции на авиокомпанијата Cross Air, регионален сојузник на Swiss Air. Cross Air потоа го промени своето име во Swiss, и новиот национален авиопревозник започна со официјални летови на 31 Март, 2002 година.

Враќање во нормала[уреди | уреди извор]

До 2005 година, авиокомпанијата беше преполовена на половина од тоа што беше во 2002 година. Имаше годишни загуби, но постепено ги намалуваше, се до 2006 година, кога оствари профит од 220 милиони долари. Профитот во 2007 година беше 570 милиони долари. На 22 Март 2005 година, Луфтханза објави дека планира да го преземе управувачкиот пакет во компанијата и откупи за почеток 11% од акциите. Преземањето заврши на 1 јули 2007 година и операциите на Swiss постепено беа синхронизирани со операциите на Луфтханза. Авиокомпанијата исто така воспостави и регионална подружница, Swiss European Air Lines.

Дестинации[уреди | уреди извор]

Погледни опширно, Swiss International Air Lines дестинации.

Нови дестинации и зголемен број на летови[уреди | уреди извор]

  • Цирих - Шангај - Секојдневни летови со Ербас А340 авион

Авиокомпанијата објави зголемување на бројот на летови од аеродромот во Базел. Нови летови беа воведени до Барселона, Будимпешта, Манчестер, Ница, Прага и Варшава.


Флота[уреди | уреди извор]

Swiss International Air Lines Флота
Авион Вкупно Патници
(Прва/Бизнис/Економска)
Регистрации Забелешки
Ербас A319-112 7 126 HB-IPR,S,T,U,V,X,Y
Ербас A320-214 19 (2 нарачки) 168 HB-IJB,D,E,F,H,I,J,K,L,M,
N,O,P,Q,R,S,U,V,W
Влегува во сервис: 2011
Ербас A321-111 6 200 HB-IOC,D,F,H,K,L
Ербас A330-223 11 230 (48/182)[A,J,K,O]
229 (42/187) [Q,R]
196 (12/42/142) [C,G,H,I,P]
HB-IQA,C,G,H,I,J,K,O,P,Q,R
Ербас A330-343X (9 нарачки) Заменува: Ербас A330-200
Влегува во сервис: 2009
Нарачки: 2009-2011
Airbus A340-313X 15
228 (8/48/172) HB-JMA to O HB-JMJ,M,N,O поранешен авион на Air Canada
HB-JMK,L поранешен авион на Austrian Airlines
Avro RJ100 "Jumbolino" 20 97 HB-IXN до X
и HB-IYQ до Z
Operated by Swiss European Air Lines