Austrian Airlines

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Austrian Airlines AG
Austrian.a320.2.arp.750pix.jpg
IATA ICAO Ознака
OS AUA AUSTRIAN
Основан1957
ЈазлиАеродром Виена
Програма за чести летачиMiles & More
Аеродромски салонSenator Lounge, Business Class Lounge
СојузStar Alliance
ПодружнициLauda Air
Tyrolean Airways
Летала36 (106 Austrian Airlines Group) (2 on order/lease)
Одредишта133
СедиштеВиена, Австрија
РаководствоAlfred Ötsch (CEO)
Мрежо местоhttp://www.austrian.com
Austrian Airlines building

Austrian Airlines AG (Македонски изговор: Остриан Ерлајнс) е национален авиопревозник на Австрија, со седиште во Виена. Заедно со нејзините регионални партнери: Tyrolean Airways (Austrian Arrows), како и со чартер партнерот Lauda Air, оперира на повеќе од 130 одредишта ширум светот. Главна централа на авиокомпанијата е аеродромот во Виена, со втора помала централа на аеродромот во Инсбрук. Член е на Star Alliance и на Austrian Airlines Group.

Историја[уреди | уреди извор]

Авиокомпанијата беше основана на 30 септември 1957 година, а првиот лет го оствари на 31 март 1958 година, на релација Виена - Лондон преку Цирих. Austrian Airlines беше формирана со спојување на Air Austria и Austrian Airways. Започна со домашни одредишта на 1 мај 1963 година. Прекуокеанскиот сервис започна на 1 април 1969 година на релација Виена - Њујорк преку Брисел, во кооперација со поранешниот Белгиски авиопревозник, Sabena. Авиокомпанијата стана член на Star Alliance во 2000 година. Истата година, групацијата ја купи и авиокомпанијата Lauda Air.

Корпоративен дизајн[уреди | уреди извор]

Дизајнот на логото на Austrian Airlines секогаш бил мешавина од црвена и бела боја. Авионите од 50-тите до 80-тите години на минатиот век беа сребрени на долниот дел од трупот, додека горниот дел беше бел со логото на Austrian Airlines. Многу специјални дизајни беа употребувани низ текот на времето. По влегувањето во Star Alliance, неколку авиони беа со дизајн на Star Alliance.

Одредишта[уреди | уреди извор]

Погледни опширно: Одредишта на Austrian Airlines.

Фокусот на Austrian Airlines е ставен на одредишта кон Источна Европа и блискиот Исток, најголемиот дел од нив е опериран од подружницата на Austrian, Tyrolean. Во 2006 година, во обид да се зачуват околу 51 милиони долари на годишно ниво, Austrian одлучи да ги отстрани од флотата авионите од типот Ербас А330 и Ербас А340. Некои од овие авиони им беа препродадени на Tap Portugal, Swiss и Француските воени сили. Austrian суспендираше неколку прекуокеански одредишта кон источна Азија и Австралија. Летовите до Шангај завршија во текот на 2007 година, додека летовите кон Маурициус, Пукет, Коломбо и Мале завршија во април 2007 година. Месецот март 2007 беше одбележан со крај на релациите Виена - Сингапур - Мелбурн и Виена - Куала Лумпур - Сиднеј, со што се означи крај на оперирање на патот на кенгурот.

Флота[уреди | уреди извор]

Austrian Airlines Флота
Авион Вкупно Одредишта Забелешки
Airbus A319-114 7 кратки и средни одредишта
Airbus A320-214 6 [1] кратки и средни одредишта
Airbus A321-111/211 6 кратки и средни одредишта
Boeing 737-600 1 кратки и средни одредишта поранешен авион на Lauda Air
Boeing 737-700 2 кратки и средни одредишта поранешен авион на Lauda Air
Boeing 737-800 7 кратки и средни одредишта
Boeing 767-300ER 6 Прекуокеански одредишта
Канада(YYZ), Кина (PEK), Индија (DEL, BOM), Соединети Американски Држави (JFK, ORD)
Boeing 777-200ER 4 Прекуокеански одредишта
Јапонија (NRT), Тајланд (BKK), Соединети Американски Држави (IAD)
Вкупно 36

Инциденти и несреќи[уреди | уреди извор]

  • На 5 јануари, 2004 година, авион од типот Фокер 70 беше принуден да слета во близина на аеродромот во Минхен. Инцидентот помина само со три полесно повредени патници.
  • На 17 Септември, 1984 година, авион од типот Swearingen при процедура на слетување на аеродромот во Виена, леташе на неприспособена висина, премнгу ниско, при што слета неколку стотини метри пред почетокот на пистата. 8 патници и 2 членови на екипажот беа полесно повредени.
  • На 26 Септември, 1960 година, авион од типот Vickers Viscount се урна при процедура на слетување на аеродромот Шереметјево во Москва. 31 патник од вкупно 37 загинаа.

Погледни исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]