Аеродромот во Бремен, (германски: Flughafen Bremen), (IATA: BRE, ICAO: EDDW) го опслужува градот Бремен, Германија[1]. Во 2008 година, 2,4 милиони патници поминаа низ овој аеродром.
Сообраќајот на аеродромот официјално започна во 1913 година кога сенатот на Бремен додели официјална дозвола на воздухопловната асоцијација за формирање на основа за летање. Во 1920 година, Холандската авиокомпанија KLM започна со летови кон Бремен преку Хамбург и Копенхаген. Во 1945 година, аеродромот беше преземен од страна на Американските трупи и повторно вратен во сопственост на градот во 1949 година. Во текот на 50-тите години, беа додадени и летови кон Њујорк и Рио Де Жанеиро. 1989 година беше годината кога аеродромот за првпат ја надмина бројката од еден милион патници. Внатре во аеродромот постои музеј поврзан со воздухопловството, во кој може да се погледнат некои ретки видови на авиони, како Junkers W 33.
Трамвајот број 6 сообраќа секои 5 до 10 минути до центарот на Времен. Патешествието трае 11 минути и чини 130 денари. Автобуската компанија Bus2fly нуди автобуски превоз до Хамбург, времетраењето на патувањето изнесуца 2 часа и чини 670 денари во еден правец.