Аеродром Стокхолм Скавста
Аеродром Стокхолм Скавста Stockholm-Skavsta flygplats Stockholm-Skavsta Airport | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||
Писти | |||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||
ft | m | ||||||||
08/26 | 9,442 | 2,878 | Асфалт | ||||||
16/34 | 6,690 | 2,039 | Асфалт |
Аеродромот Стокхолм Скавста (IATA: NYO, ICAO: ESKN), (Шведски: Stockholm-Skavsta flygplats), е меѓународен аеродром близу Норшепинг, Шведска, на оддалеченост од 100 километри од центарот на Стокхолм. Најмногу е искористен од ниско буџетните и карго компаниите. Тој е втор по големина аеродром што го оплужува Стокхолм, и трет по големина во Шведска со 2 милиони патници обработени во 2007 година.
Историја[уреди | уреди извор]
Аеродромот беше изграден како воено воздухопловна база во 40-тите години на минатиот век, за некаде во 1994 година да биде приспособен за цивилно воздухопловство. Во 1997 година, првата релација беше воведена од Лондон Станстед до Стокхолм Скавста аеродромот, на авиокомпанијата Ryanair. Во 2003 година, Ryanаir воспостави база на аеродромот со воведување на 6 нови одредишта. Накратко потоа, WizzAir воспостави нови одредишта до Источна Европа. Во 2005 година, Финскиот национален авиопревозник Finnair започна да лета на релација Хелсинки - Бостон, со застанување на Стокхолм Скавста аеродромот, но набргу потоа своето застанување го пренасочи кон Стокхолм Арланда аеродромот.
Транспортација до аеродромот[уреди | уреди извор]
- Изнајмување на кола е возможно од терминалот на аеродромот
- Автобус
- Аеродромско комби сообраќа директно од аеродромската зграда до центарот на Стокхолм (90 минути пат и чини 900 денари во еден правец, и повратен билет чини 1550 денари)
- Локалните автобуски линии 515 и 715 можат да ве однесат до Никопинг и Окселосунд од 04:00 до полноќ. Цената на еден билет е 130 денари
- Воз
- Локалната железничка станица во Никопинг е оддалечена 7 километри од аеродромот. До станицата може да се стигне со такси (1250 денари) или со автобуските линии 515 и 715 (130 денари). Од железничката станица до централната железничка станица се патува за околу 60 минути и еден билет чини 800 денари.
- Паркинг*
Паркинг пократок од еден ден чини 190 денари на час. За паркинг подолг од еден ден, цената е помеѓу 250 и 550 денари дневно, во зависност од тоа колку денови возилото ќе престојува на паркингот.
Авиокомпании и одредишта[уреди | уреди извор]
- Gotlandsflyg (Визби)
- Ryanair (Алгеро, Аликанте, Базел, Берлин Шенефелд, Бирмингем, Братислава, Бремен, Даблин, Единбург, Ајндховен, Жирона, Глазгов, Гренобл, Франкфурт Хан, Карлсруе, Ливерпул, Лондон Станстед, Краков, Лоѓ, Либек, Малта, Марсеј, Милано Бергамо, Париз, Прага, Рига, Росток, Пиза, Римини, Рим Чиампино, Трапани, Валенсија, Венеција, Визе, Вроцлав)
- Thomas Cook Airlines Scandinavia (Лас Палмас, Тунис)
- Wizz Air (Будимпешта, Варшава, Гдањск, Катовице)