Норшепинг
Норшепинг | |
---|---|
Градската куќа на Норшепинг | |
Координати: 58°36′N 16°12′E / 58.600° СГШ; 16.200° ИГД | |
Површина | |
• Вкупна | 35,68 км2 (1,378 ми2) |
Население (31 декември 2010) | |
• Вкупно | 87,247 |
• Густина | 2.446/км2 (6,340/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Мреж. место | norrkoping.se |
Норшепинг (шведски: Norrköping) — еден од поголемите градови во Шведска, поточно во нејзиниот југоисточен дел. Градот се наоѓа во рамките на округот Естерјетланд, каде е втор град по значење. Норшепинг истовремено е и седиште на истоимената Општина Норшепинг.
Норшепинг е традиционален шведски центар за производство на ткаенини, па градот го нарекуваат и „Шведски Манчестер“ и „Шведски Пекинг“.
Во близина на Норшепинг сместен е аеродром Стокхолм-Скавства, кој е најзначаен аеродром во државата за нискотарифни летови.
Природни услови
[уреди | уреди извор]Градот Норшепинг се наоѓа во југоисточниот дел на Шведска и Скандинавски Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 160км југозападно.
Релјеф
[уреди | уреди извор]Норшепинг се формирал на југоисточниот брег на Скандинавски Полуостров, во бреговитата област Источна Јетска. Подрачјето на градот е бреговито, а надморската височина се движи помеѓу 5-80м.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Норшепинг е претежно континентална под големо влијание на морето и крајните разгранети делови на топлата Голфска струја. Затоа зимите се благи, а летата се свежи во однос на дадената географска широчина.
Води
[уреди | уреди извор]Норшепинг се формирал на реката Мотала Стрем, која 2 км источно се влева во Балтичко Море, поточно во неговиот залив Бровикен. Моќта на реката, која на места прави и неколку водопади, некогаш била главна алка за покренувањето на градските погони. Западно од градот сместено е езерото Глен. Околу градот има низа од мали езера.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето на Норшепинг било населено уште во периодот на среден век, кога тука се населиле занаетчии кои ги користеле водопадите на реката Мотале Стрем зза добивање на работна енергија. Првиот извор за населбата датира од 1283 година. Во почетокот на 14 век Норшепинг добива статус на град.
Во средниот век, многу војни се одиграле на подрачјето на градот. Последица на тоа е дека ништо од средновековниот Норшепинг не е сочувано. На пример, во 16 век целиот јужен дел од градот е запален, па повторно изграден. Подоцна, во 1655 и 1719 година, градот го спалуваат Руси во Големата северна војна. Во 1822 и 1826 година градот повторно гори, па затоа подоцна се забранети дрвени куќи.
Во втората половина на 19 век, со доаѓањето на индустријата и железниците, Норшепинг доживува преродба. Ова благостостојба трае и ден денес.
Население
[уреди | уреди извор]Норшепинг денес е град со средна големина за шведските услови. Градот има околу 87,000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 141,000 жители (податок од 2012 година). Последните децении бројот на населението во градот полека, но сигурно се зголемува.
До средината на XX век Норшепинг е населен со исклучиво етнички Швеѓани. Меѓутоа, со честите доселувања во Шведска, населението станува се шаренолико.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Денес Норшепинг е современ град со посебно развиена индустрија (автомобилска индустрија, ИТ, машинска индустрија, обработка на дрво, производство на мебел). Последните две децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Дротингатан, главна трговинска улица во градот
-
Историски погон за ткаенини на реката Мотали
-
Линчепиншка соборна црква, Црква Свети Матеј
-
Градска куќа на Норшепинг
Извори
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Норшепинг“ на Ризницата ? |
|