Czech Airlines

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Czech Airlines
České aerolinie
Czech Airlines logo 2007.png
IATA ICAO Ознака
OK CSA CSA
Основан 1923
Јазли Аеродром Прага
Програма за чести летачи OK Plus
Аеродромски салон Crystal Lounge
Сојуз SkyTeam
Летала 36 (+6 порачки)
Одредишта 69
Матично претпријатие Министерство за финансии на Чешка
Седиште Прага, Чешка Република
Раководство Радомир Лашак
Мрежо место www.CzechAirlines.com
Head office of Czech Airlines

Czech Airlines j.s.c. (чешки: České aerolinie, a.s., македонски изговор: чех ерлајнс), е чешка национална авиокомпанија која е базирана на аеродромот во Прага. Оперира на 69 дестинации во 41 земја, вклучувајќи ги сите европски метрополи, а исто така и одредени дестинации на Блискиот Исток и Северна Америка. Во 2006. година превезе околу 5 и пол милиони патници. Авиокомпанијата е член на SkyTeam алијансата.

Историја[уреди | уреди извор]

Czech Airlines е формирана на 6 октомври 1923 година, од страна на чехословачката влада. Дваесет и три дена подоцна првиот комерцијален лет помеѓу Прага и Братислава е воспоставен. Оперирала со домашни летови сѐ до 1930 година кога првиот меѓународен лет до Загреб беше воспоставен. По германската окупација на Чехословачка во 1939, развојот на авиокомпанијата беше стопиран. Во февруари 1948 година, Комунистичката партија се враќа на власт во Чехословачка. Со доаѓањето на власт, тогашната власт прекинува неколку западно европски дестинации, а исто така ја заменува флотата со авиони, па така наместо западно Европски и Американски авиони, во употреба влегуваат Советски авиони. Во 1957 година, Czech Airlines влегува во историјата како втора компанија која започнува да употребува авиони на млазен погон, со добивањето на авион од типот Туполев Ту-104А. Првиот прекуокеански лет беше остварен на 3 февруари 1962 година со летот до Хавана, Куба, користејќи Бристол Британија авион. Овој авион беше заменет со Илјушин ИЛ-18Д при крајот на 60-тите години од минатиот век, а исто така беа воведени и нови прекуокеански дестинации до Њујорк и Монтреал. Во 90-тите години од минатиот век, најголемиот дел од советските авиони беа заменети со авиони од западноевропските земји, како Боинг 737, Ербас А310, Ербас А320, како и ATR воздухоплови за кратки релации.

Полетување на Boeing 737-400 во новите бои на Czech Airlines

Дестинации[уреди | уреди извор]

Погледни опширно: Дестинации на Czech Airlines.

Czech Airlines Ербас A320
Неколку авиони на Czech Airlines на аеродромот во Прага

Флота[уреди | уреди извор]

Czech Airlines Флота
Авион Вкупно Патници
(Бизнис/Економска)
Дестинации Забелешки
Ербас A319-100 9
(6 orders)
135 Дестинации на средни должини
Европа и Блискиот Исток
Ербас A320-200 8 162 Дестинации на средни должини
Европа и Блискиот Исток
Ербас A321-200 2 212 Дестинации на средни должини
Чартер Летови
на услуги од: HOLIDAYS Czech Airlines
АТР 42-500 7 46 Кратки дестинации
Централна Европа
АТР 72-200 2 64 Кратки дестинации
Централна Европа
Ќе биде заменет со: АТР72-500
Боинг 737-400 2 144
162
Кратки и средни дестинации
Европа, Чартер Летови
на услуги од: HOLIDAYS Czech Airlines
Боинг 737-500 8 108 Кратки и средни дестинации
Европа
Ќе биде заменет со: A319