Металургија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Металургија
Processing gold.jpg
Процес на топење на злато
Гранки
Област
Област
Област
Поделба
Основна
Основна
Според т.п.
Според т.п.
Според т.п.
Подпроцеси
Подпроцеси
Преработка (фото)
Pouring gold.jpg
Изливање на злато
Металургија е наука за металите како и за процесите на добивање и преработка на металите и нивните соединенија, соли и отпадни материјали. Исто така металургија е една од главните гранки на индустрија. Металургија опфаќа рафинација, производство на легури, обликување, оплеменување, проучување на структура, состав и особина на металите. Според видови на метали кои се произведуваат се дели на црна металургија (добивање на железо и челик) и обоена металургија (добивање на сите останати метали). Постои екстрактивна и преработувачка металургија.

Иако во Земјината кора постои обилна количина на метали, повеќето од нив не се наоѓаат во облик погоден за човечка употреба. Во голем дел тие се наоѓаат во комбинација со атоми на неметали во различни соединенија, како што се, сулфиди, оксиди, карбонати итн. Прв чекор на добивање на метали во употреблив облик е ослободување на металите од нивните соединенија. Со тие процеси се занимава екстрактивна металургија. Дури и после топењето, рафинацијата и легирањето, металите се само делумно обработени за финална употреба.

Метали, кои се користат секојдневно како што се фасонка, федер, сврдло итн., имаат посебен облик. Со оваа гранка - за обликување на метали - се занимава механичка металургија. За обликување на металите се користат бројни постапки како што се тркалање, пресување, ковање, извлекување итн. Понекогаш огромни машини, тешки и по неколку тони, им даваат на металните предмети, како што се на пример железните шини, цевки и лимови завршен облик.

Физичка металургија се занимава со контрола на процесите со помош на различни методи и тестови. Таа ги истражува важните теориски и практични принципи на однесување на металите во различни услови со употреба на хемија, физика, термодинамика итн. Со тоа воедно се постигнуваат и оптимални производни параметри на посакуваниот квалитет и облик. физичката металургија исто така ја истражува внатрешната структура на цврстите метали која во голем дел ги одредува механичките и останатите својства, и прави можност за нивно предвидување и планирање. Исто така ги истражува и објаснува рамнотежните и нерамнотежните дијаграми на состојбата на маталите, како и принципите на легирање кои со теориско значење наоѓаат и директна примена во пракса.

Поделба[уреди | уреди извор]

Најпознатата и најчеста поделба на металургија е на:

Историја[уреди | уреди извор]

Бакарно време[уреди | уреди извор]

Бронзено време[уреди | уреди извор]

Железно време[уреди | уреди извор]

Екстрактивна металургија[уреди | уреди извор]

Легура[уреди | уреди извор]

Топлотна обработка[уреди | уреди извор]

Спојување на металите[уреди | уреди извор]

Механичка металургија[уреди | уреди извор]

Ковање[уреди | уреди извор]

Металургија на прав[уреди | уреди извор]

Физичка металургија[уреди | уреди извор]

Металографија[уреди | уреди извор]