Луј Саа
Луј Саа | |||
---|---|---|---|
Саа во 2015 година | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 8 август 1978 | ||
Роден во | Париз, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,83||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 8 август 2013 (35 години) | ||
Младинска кариера | |||
Мец | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1998–2000 | Мец | 47 | (5) |
1999 | → Њукасл Јунајтед | 11 | (1) |
2000–2004 | Фулам | 117 | (53) |
2004-2008 | Манчестер Јунајтед | 86 | (28) |
2008-2012 | Евертон | 97 | (27) |
2012 | Тотенхем | 10 | (3) |
2012-2013 | Сандерленд | 11 | (0) |
2013 | Лацио | 6 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2004-2012 | Франција | 20 | (4) |
* Ажурирано на: 26 јули 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Луј Лорен Саа (француски: Louis Laurent Saha; р. 8 август 1978 во Париз), е поранешен француски фудбалер со потекло од Гваделуп, кој играл на позицијата напаѓач.
Тој бил поранешен ученик во Академијата Клерефонтејн, а својата професионална кариера ја започнал во Мец пред да оди на позајмица во Њукасл Јунајтед. Пред почетокот на сезоната 2000-2001, Саа се преселил во Фулам каде што се потврдил како прв избор во нападот, помагајќи им да се здобијат со промоција во Премиер лигата во неговата прва сезона во клубот.
Со неговите одлични настапи го свртел вниманието на Манчестер Јунајтед, кои на крајот и го довел Саа во својте редови за сума од околу 12.400.000 £, во средина на сезоната 2003-2004. Саа се соочувал со многу повреди за време на неговиот престој на Олд Трафорд, но тој уживаше во успехот при освојувањето на Премиер лигата во два наврати, Лигата на шампионите во сезоната 2007-2008 и, исто така, постигнал шест гола на патот кон победата во Лига купот, вклучувајќи и еден гол во финалето.
По четири и пол години во Јунајтед, Саа се преселил во Евертон, каде што ќе остане запаметен по најбрзо постигнатиот гол во историјата на ФА Купот по само 25 секунди игра. По кратки период во Сандерленд и Лацио, Саа заминал во пензија во август 2013.
Своето деби за француската репрезентација го направил во 2004 година во победата со 2-0 над Белгија. Тој ја претставувал Франција на Европското првенство 2004 и на Светското првенство 2006 кога французите стигнале до финалето на Светското првенство, меѓутоа Саа бил суспендиран за финалето против Италија заради добивање на жолт картон против Португалија во полуфиналето.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Мец
[уреди | уреди извор]Саа ја започна својата кариера во Мец во 1996 година, и напредува во сениорскиот тим во 1998 година. Тој отиде на заем во Њукасл во јануари 1999 година, постигнувајќи еден гол против Ковентри Сити и игра во вкупно 11 лигашки натпревари, исто така, постигна еден гол и на патот на страчките кон финалето во ФА Купот. Тоа го стори во петтата рунда против Блекбурн Роверс. Саа беше сепак изоставен од тимот за финалето од менаџерот Руд Гулит. По завршувањето на сезоната 1998-99, тој се враќа во Мец, каде што постигна 5 гола во 47 натпревари во две години.
Фулам
[уреди | уреди извор]Тој потпиша за Фулам за £ 2.100.000 во 2000 година. За време на периодот од речиси четири години во клубот, тој постигна вкупно 63 гола во сите турнири. Во кампањата за промоција на тимот во 2000-01 тој постигна 27 гола за Фулам кој беа од голема помош за влез во Премиер лигата.
За време на првиот месец во топ лигата во Англија Саа беше именуван за играч на местецот во Премиер лигата. Тој постигна девет гола во 44 настапи во сите натпреварувања, вклучувајќи ги и постигнатите два гола во натпреварите против Манчестер Јунајтед и Челзи. Неговиот настап за победа на Фулам над Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд беше пресуден Сер Алекс Фергусон да потпише со него во јануари 2004 година. Во последната сезона во Фулам тој придонесе со петнаесет гола во само 22 настапи пред да замине во јануарскиот трансферен прозорецот.
Манчестер Јунајтед
[уреди | уреди извор]Саа потпишал за Манчестер Јунајтед за сума од 12.800.000 £ во 2004 година и постигна 15 гола досега таа сезона и го импресионира Сер Алекс Фергусон во победата на Фулам на Олд Трафорд од 3-1. Фулам беа подготвени да го продаде Саа, но за добар договор и тоа на крајот се случи на 23 јануари 2004.
Саа импресионира рано, со 7 гола во 10 настапи на почеток на сезоната 2003-04 и постигнувајќи гол во своето деби против Саутхемптон. Во следниот натпревар, против Евертон, Саа и Руд Ван Нистелрој постигнаа по два гола за победа од 4-3. На 28 февруари, тој се соочи со неговиот поранешен тим за првпат, постигнувајќи го единствениот гол за Јунајтед во ремито 1:1.
Со својте добри игри тој доби репрезентативен повик за Франција, постигнувајќи гол во своето деби против Белгија и го зема учество на ЕВРО 2004 во Португалија. За жал, тој не беше во можност да игра во ФА Куп финалето во победата над Милвол, поради претходно учество во дресот на Фулам.
На стартот од сезоната 2004-2005-та во Премиер лигата Саа не беше во прв план во нападот на Јунајтед поради постојани повреди. Саа ниту еднаш не заигра во почетната постава во свопите 11 меча во сезоната , 11 пати тој влегуваше од клупата и постигна два гола. Во септември, тој заработил повредата на коленото играјќи за Франција против Фарските Острови, која го чини еден месец неиграње. Подоцна во ноември тој ја обнови повредата повторно, исто така, играјќи за репрезентацијата и таа го чини речиси два месеци надвор од терените. На крајот на февруари 2005 година, проблемот се повтори, повторно оставајќи го Саа надвор за уште два месеци. Во текот на летото Саа доживеа уште една повреда, овојпат на тетивата што го оневозможи да игра во првите три месеци од наредната (2005-06) сезона во Премиер лигата.
Тој, конечно, се врати во ноември 2005 година и започна конечно континуирано подолго време да тренира, по што настапи во неколку натпревари во Лига Купот натпревари. За изненадување на многумина, францускиот напаѓач се наоѓаше во добра форма и почна да игра во почетниот состав и да постигнува голови. Шесте гола во Лига Купот му помагаат да го измести Руд Ван Нистелрој од првиот тим и да биде прв избор во нападот како партнер на Вејн Руни. Саа беше стартер, пред Ван Нистелрој, во финалето на Лига Купот против Виган Атлетик, и постигна гол. Саа постигна 15 гола во сите натпреварувања за време на сезоната 2005-06 и беше избран од страна на Фергусон за партнер на Руни за наредната сезона, по заминувањето на ван Нистелрој во Реал Мадрид во текот на летото.
Саа ја започна на сезоната 2006-2007 во Премиер лигата со гол уште по само седум минути игра во отворајќи го резултатот против Фулам во мечот што заврши 5-1 за Јунајтед.Беше тоа прв меч во новата сезона од лигата Манчестер Јунајтед. Тој исто така го постигна единствениот гол на гостувањето кај Бенфика во лигата на шампионите. Во декември 2006 г. Саа го продолжи својот договор Манчестер Јунајтед до 2010 година, иако наскоро потоа почна да страда одново од повеќе повреди. Препоните и тетивата беа повредите кои ги ограничија неговите настапи и тоа значеше дека тој постигна еден гол во втората половина од сезоната. Тој се врати како замена за мечот со Рома, но наскоро потоа се здоби со повредата на коленото. Саа ја заврши сезоната со 15 гола во сите натпреварувања, потпомогнат од неговата пре-Божиќ форма, но тој сè уште беше wasteman.
Во сезоната 2007-08, Саа се врати од повреда и влезе како замена против Сандерленд, постигнувајќи го победоносниот гол за победа од 1-0. На 23 септември 2007 година, Саа го реализираше пеналот против Челзи во првиот натпревар на клупата на Челзи на Аврам Грант. Со ова Саа си заработи повик во Репрезентација на Франција по една година пауза.
Против Арсенал, Саа влезе да го замени во тој момент вон-форма аргентинец Карлос Тевез во ремито 2-2. Тој беше клучен во погодокот, на Кристијано Роналдо кој даде предност на Манчестер Јунајтед од 2-1. Саа продолжи да прави настапи во првиот тим, но кога Вејн Руни беше повреден на неколку недели, тој соработуваше со Тевез во нападот. Тој почна и на 26 декември, на таканаречениот период во лигата Boxing Day. Манчестер Јунајтед победи со 4:0 а Саа постигна два гола, вклучувајќи и еден пенал за искачување на Манчестер Јунајтед до 1-ата позиција во Премиер лигата.
Саа го направи своето враќање во ФА Куп двобојот против Арсенал на 16 февруари 2008 година. Следниот викенд, Саа влезе како замена за Роналдо, постигнувајќи го последниот гол во 5-1 победата над Њукасл. Саа беше надвор од терените за неколку недели, и пропушта клучни натпревари. Во последниот натпревар од Премиер лигата во сезоната против Виган Атлетик, Саа почна како замена, но не влезе во игра. Во мај 2008 година, Саа призна дека тој верува дека неговата кариера во дресот на црвените ѓаволи е доведена во прашање. И покрај неговата желба да остане и љубовта кон клубот, тој не беше сигурен за својата иднина на Олд Трафорд.
И покрај тоа што се бореше со повреди во делови од 2004-05 и вториот дел од сезоните 2006-07 и 2007-08, Саа придонесе со 42 гола во сите натпреварувања за Манчестер Јунајтед во 120-те настапи за клубот.
Евертон
[уреди | уреди извор]Саа му се приклучи на Евертон за непозната сума потпишувајќи две и пол годишен договор. Понудата за Саа стигна во моментот кога тој беше повреден. Тој своето деби го имаше на 22 септември во лигашкиот натпревар на гости кај Хал Сити, пред да го постигне својот прв гол во дресот на карамелите, против неговиот поранешен клуб Фулам, на Гудисон Парк на 1 ноември.Саа влезе од клупата на полувремето во ФА Куп четврт-финалето против Мидлсборо. Тој помогна со постигнување на победеносниот гол за Евертон да стигне до полуфиналето за првпат од 1995 година. Саа подоцна го постигна најбрзиот гол во ова натпреварување во финалните мечеви во финалето против Челзи, но подоцна сините направија пресврт и победија со 2-1. Со ова го скрши рекордот на Боб Чат кој беше поставен 114 години порано во ФА Куп финалето во 1895-тата година. Исто така, беше најбрз гол во сите натпревари на новиот Вембли стадион, победувајќи го претходниот рекорд на Џампаоло Пацини во март 2007 година во репрезентативниот настап на младата селекција на Италија до 21-на година.
Саа го постигна својот прв гол во Премиер лигата во сезоната 2009-2010, по влегувајќи како замена, на денот на отворањето на сезоната против Арсенал во 6-1 поразот на Гудисон. Тој продолжи да дава голови, на седум меча постигна седум гола во сите натпреварувања, завршувајќи ја сезоната со 13 Премиерлигашки голови. Тој потпиша двегодишен договор продолжување со Евертон во февруари 2010 година, имајќи го во клубот до крајот на сезоната 2011-12.
Саа го постигна својот осми гол во петтиот старт против Челзи на 29 јануари 2011 година, и ја продолжи својата форма во следниот натпревар против Блекпул на 5 февруари, кога постигна четири гола во 5-3 победата. Тоа беше неговиот прв хет-трик во англискиот фудбал. Саа постигна гол повторно за Евертон против Фулам на 19 март 2011 година, тој подоцна беше надвор поради повреда на глуждот надвор за остатокот од сезоната.
Саа го направи своето враќање за 2011-12 сезона на 30 јули 2011 година во пред-сезоната против неодамна испаднатиот Бирмингем Сити на Сент-Ендријус. Саа за првпат во сезоната беше стартер за Евертон во домашниот двобој со градскиот противник Ливерпул. Евертон загуби со 2-0. Саа својот прв гол за го постигна во 3-1 победата над Фулам на Крејвен Котиџ по влегувањето во игра како замена. Саа го продолжи својот голгетерски од постигнувајќи гол во следниот меч на 26 октомври против Челзи во Лига купот.
Тотенхем
[уреди | уреди извор]На 31 јануари 2012 година, Саа го комплетираше својот трансфер како слободен играч во Тотенхем, потпишувајќи шест-месечен договор и го зеде дресот со број 15, кој за последен пат беше носен од Питер Крауч. За помалку од една недела подоцна, тој го направи своето деби против Ливерпул откако влезе како замена за Емануел Адебајор во ремито 0-0. Тој го направи своето целосно деби во следното лигашко коло против неговиот некогашен тим Њукасл Јунајтед, постигнувајќи два гола во убедливата победа од 5-0. Тој имаше 3 гола во 3 меча откако постигна гол и во северно-лондонското дерби против Арсенал на Емирати што неговиот тим го загуби со 5-2.
Тој постигна еден погодок и во ФА Купот, во мечот против Болтон Вондерерс кога ја завери победата на својот тим со гол во последните секунди од мечот што заврши 3-1 за Тотенхем. Добрата форма го наведе менаџерот на Спарс, Хари Реднап да сака да го задржи Саа во клубот за уште некој сезона. Но сепак, по завршувањето на сезоната Реднап е отпуштен од управата пред да потпише продолжување на договорот со Саа. Новиот менаџер Андре Виљаш Боаш не смета на неговите услуги и Саа станува слободен играч откако му истекува договорот на 13 јули 2012.
Сандерленд
[уреди | уреди извор]На 16 август 2012, екипата на Сандерленд го потврди потпишувањето на едногодишен договор со Саа. Тој дебитирал два дена подоцна во првото коло од новата сезона против екипата на Арсенал во ремито без голови 0-0. Со доаѓањето кон крајот на август на шкотскиот напаѓач Стивен Флечер и неговите добри перформанси, појавувањата на Саа во стратниот тим во првиот дел од стануваат ограничени. Поточно, тој одиграл 11 натпревари за Сандерленд во лигата и во сите влегувајќи од клупата за резерви и неуспеал да постигне ниту еден погодок. Тоа неговиот прв клуб во кариерата за кој неуспеал да постигне барем еден гол. Кон крајот на јануарскиот трансферен прозорец менаџерот на Сандерленд Мартин О'Нил потврдил дека е заинтересиран за напаѓачот на Свонзи, Дани Греам. На 31 јануари 2013, истиот ден кога Греам потпишал со црните мачки, Саа го раскинал својот договор со клубот и станал слободен играч[1].
Лацио
[уреди | уреди извор]На 6 февруари 2013, Саа потпишал шест-месечен договор со римски, Лацио. Тој пристигнал во тимот како замена за повредениот прв напаѓач на Лацио, Мирослав Клозе кој требало да отсуствува неколку месеци[2]. Своето деби во Серија А го направил на 9 февруари против Наполи на Олимпико, појавувајќи се како доцна замена на местото на Алваро Гонсалес во натпреварот што завршил 1-1.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Саа ја претставува Франција во различни младински категории и го постигна победоносниот гол на Европското фудбалско првенство за играчи Под-19 години во 1997 против Португалија.
Таа не беше сениорски репрезентативец сè до 2004 година, кога Саа конечно доби можност да го направи својот прв настап во репрезентацијата, и на своето деби постигна гол во 2-0 победата над Белгија на 18 февруари. Тоа лето, тој исто така беше избран за Евро 2004 тимот.
Саа придонесе за Франција да стигне до Светско првенство во фудбал 2006 финалето, но тој беше суспендиран за финалето против Италија заради заработен жолт картон за време на победата во полуфиналето над Португалија.
Луј Саа беше повикан во тимот за Евро 2012 квалификациите заедно со голманот Иго Лорис, Флорент Малуда од Челзи и уште девет други играчи кои учествуваа на Светското првенство во фудбал 2010 година. Пред тоа, Луј Саа нема играно за својата национална репрезентација од ноември 2006 година (иако тој беше повикан од страна Рејмонд Доменех во февруари 2010 год).
Саа го направил своето враќање во репрезентацијата во победата со 2-1 над Германија на 29 февруари 2012.
Репрезентативни голови
[уреди | уреди извор]# | Дата | Стадион | Противник | Гол | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 18 февруари 2004 | Кинг Бадуин Стадион, Брисел, Белгија | Белгија | 2–0 | 2–0 | Пријателски натпревар] |
2 | 28 мај 2004 | Стад де ла Мосон, Монпелје, Франција | Андора | 3–0 | 4–0 | Пријателски натпревар |
3 | 2 септември 2006 | Стадион Борис Паичадзе, Тбилиси, Грузија | Грузија | 1–0 | 3–0 | Квалификации за Евро 2008 |
4 | 11 октомври 2006 | Стад Огуст Бонал, Монтебилар, Франција | Фарски Острови | 1–0 | 5–0 | Квалификации за Евро 2008 |
Статистика на кариерата
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Клуб | Сезона | Лига | Куп | Лига Куп | Европа | Други натпреварувања | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | Меч | Голови | ||
Мец | 1997–98 | 21 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 26 | 1 |
1998–99 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 6 | 0 | |
1999–2000 | 23 | 4 | 3 | 0 | 0 | 0 | 8 | 8 | 0 | 0 | 34 | 12 | |
Вкупно | 47 | 5 | 5 | 0 | 0 | 0 | 14 | 8 | 0 | 0 | 66 | 13 | |
Њукасл Јунајтед (Позајмен) | 1998–99 | 11 | 1 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 12 | 2 |
Total | 11 | 1 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 12 | 2 | |
Фулам | 2000–01 | 43 | 27 | 1 | 0 | 4 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 48 | 32 |
2001–02 | 36 | 8 | 6 | 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 44 | 9 | |
2002–03 | 17 | 5 | 3 | 1 | 0 | 0 | 8 | 1 | 0 | 0 | 28 | 7 | |
2003–04 | 21 | 13 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 22 | 15 | |
Вкупно | 117 | 53 | 11 | 3 | 6 | 6 | 8 | 1 | 0 | 0 | 142 | 65 | |
Манчестер Јунајтед | 2003–04 | 12 | 7 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 14 | 7 |
2004–05 | 14 | 1 | 2 | 0 | 4 | 1 | 2 | 0 | 0 | 0 | 22 | 2 | |
2005–06 | 19 | 7 | 4 | 2 | 5 | 6 | 2 | 0 | 0 | 0 | 30 | 15 | |
2006–07 | 24 | 8 | 2 | 1 | 0 | 0 | 8 | 4 | 0 | 0 | 34 | 13 | |
2007–08 | 17 | 5 | 2 | 0 | 0 | 0 | 5 | 0 | 0 | 0 | 24 | 5 | |
Вкупно | 86 | 28 | 10 | 3 | 9 | 7 | 19 | 4 | 0 | 0 | 124 | 42 | |
Евертон | 2008–09 | 24 | 6 | 3 | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 29 | 8 |
2009–10 | 33 | 13 | 1 | 0 | 1 | 0 | 5 | 2 | 0 | 0 | 40 | 15 | |
2010–11 | 22 | 7 | 3 | 2 | 1 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 26 | 10 | |
2011–12 | 18 | 1 | 0 | 0 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 20 | 2 | |
Вкупно | 97 | 27 | 7 | 4 | 5 | 2 | 6 | 2 | 0 | 0 | 115 | 35 | |
Тотенхем | 2011–12 | 9 | 3 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | – | 11 | 4 | |
Total | 9 | 3 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | – | 11 | 4 | ||
Сандерленд | 2012–13 | 11 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | – | – | 14 | 0 | ||
Вкупно | 11 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | - | - | – | 14 | 0 | ||
Лацио | 2013– | 1 | 0 | 0 | 0 | - | - | 0 | 0 | – | 1 | 0 | |
Вкупно во кариерата | 379 | 117 | 36 | 12 | 24 | 15 | 47 | 15 | 0 | 0 | 486 | 159 |
Репрезентативна статистика
[уреди | уреди извор]Француска репрезентација | ||
---|---|---|
Година | Меч | Голови |
2004 | 8 | 2 |
2005 | 0 | 0 |
2006 | 10 | 2 |
2007 | 0 | 0 |
2008 | 0 | 0 |
2009 | 0 | 0 |
2010 | 1 | 0 |
2011 | 0 | 0 |
2012 | 1 | 0 |
Вкупно | 20 | 4 |
Титули
[уреди | уреди извор]Фулам
[уреди | уреди извор]- Англиска Чемпионшип дивизија - 2001
Манчестер Јунајтед
[уреди | уреди извор]- Премиер лига - 2006-2007 , 2007-2008
- Лига куп - 2005-06
- Лига на шампиони - 2007-08
Евертон
[уреди | уреди извор]- ФА Куп - 2008-09 второ место
Франција
[уреди | уреди извор]- Светско првенство 2010 - 2008-09 второ место
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на страната на Евертон Архивирано на 27 август 2009 г.
- Профил на Луј Саа на soccerway
- Профил на Луј Саа на transfermarkt
- Профил на Премиер лига Архивирано на 6 ноември 2012 г.
- Профил на Еуроспорт
Наводи
[уреди | уреди извор]- Луѓе од Париз
- Фудбалери од Премиер Лига
- Фудбалери на ФК Мец
- Фудбалери на ФК Њукасл Јунајтед
- Фудбалери на ФК Фулам
- Фудбалери на ФК Манчестер Јунајтед
- Фудбалери на ФК Евертон
- Фудбалери на ФК Тотенхем
- Фудбалери на ФК Сандерленд
- Фудбалери на ФК Лацио
- Француски фудбалери
- Фудбалери на Светско првенство 2006
- Родени во 1978 година