Руд Гулит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руд Гулит
Ruud Gullit (2012).jpg
Гулит во Доха во 2012
Лични податоци
Полно име Руд Гулит
Роден на 1 септември 1962 (1962-09-01) (56 г.)
Роден во Амстердам, Холандија
Висина 1.90 м (6 ст 3 ин)[1]
Позиција среден ред / напад
Младинска кариера
1967–1975 ASV Meerboys
1975–1979 DWS[2]
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1979–1982 ХФЦ Харлем 91 (32)
1982–1985 Фејенорд 85 (30)
1985–1987 ПСВ 68 (46)
1987–1993 Милан 117 (35)
1993–1994 Сампдорија 31 (15)
1994 Милан 8 (3)
1994–1995 Сампдорија 22 (9)
1995–1998 Челси 49 (4)
Вкупно 465 (175)
Репрезентација
1979 Холандија U-21 4 (1)
1981–1994 Холандија 66 (17)
Раководител на екипите
1996–1998 Челси (играч-менаџер)
1998–1999 Њукасл Јунајтед
2004–2005 Фејенорд
2007–2008 Лос Анџелес Галакси
2011 Терек Грозни
2017– Холандија (асистент менаџер)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Руд Гулит, OON (холандски изговор: [ˈryt ˈxɵlɪt]  ( слушни);[3] born Rudi Dil; 1 септември 1962 година) е поранешен холандски фудбалер и менаџер кој настапувал во 1980-тите и 1990-тите, како играч од средниот ред или напаѓач. Тој бил капитен на фудбалската репрезентација на Холандија во 1988 година, кога Холандија го освоила УЕФА Еуро 1988 и исто така бил член на тимот од светското првенство во Италија 1990 година и на ЕУРО 1992.

На клупско ниво, во 1987 година се преселил од ПСВ во Милан за надоместок за трансфер во светски фудбалски размери.[4] Лесно препознатлив со неговите карактеристични плетенки, тој бил дел од познатото холандско трио во Милано, во кое биле вклучени Марко ван Бастен и Франк Рајкард. Гулит освоил три титули во Серија А и два Европски Купови на Шампионите со Милан. Во 1996 година, тој потпишал за Челзи, а една година подоцна бил назначен за играч-менаџер на клубот. Во својата дебитантска сезона, тој го предводел Челзи до успехот во ФА Купот, првата голема титула на клубот по 26 години, и со тоа станал првиот странски менаџер кој победил во ФА Купот.

Гулит ја освои Ballon d'Or во 1987 година и бил именуван за Светски фудбалски играч на годината во 1987 и 1989 година. Како, играч од средниот ред и напаѓач,[5] тој бил разноврсен играч, играјќи на бројни позиции за време на неговата кариера. Во 2004 година, тој бил именуван за еден од најпопуларни 125 најдобри фудбалери, како дел од 100-годишнината од ФИФА.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]