Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).
Марсел Марко ван Бастен, (роден на 31 октомври 1964 година) — поранешен холандски фудбалер и менаџер, кој настапувал за Ајакс и Милан, како и за холандската фудбалска репрезентација, во 1980-тите и раните 90-ти години како напаѓач. Тој се смета за еден од најголемите европски напаѓачи и еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Тој има постигнато 300 голови во кариерата од висок профил, но својот последен натпревар во кариерата го одиграл во 1993 година на 28-годишна возраст поради повреда која го принудила да се пензионира две години подоцна.[2] Подоцна бил главен тренер на Ајакс и репрезентацијата на Холандија.
Ван Бастен го освоил УЕФА Еуро 1988, и бил именуван за играч на турнирот постигнувајќи пет гола вклучувајќи го незаменливиот волеј во финалето против Советскиот Сојуз.[2][3] На клупско ниво, тој освоил три титули во холандската Ердивајс, Купот на победниците на куповите со Ајакс, и три титули во Серија А и две титули во Лигата на Шампионите со Милан.
Познат по неговата блиска контрола на топката, напаѓајќи со својата интелигенција и спектакуларни удари и волеи, Ван Бастен бил прогласен за светски играч на годината во 1992 година и ја освоил Балон д'Oр трипати, во 1988, 1989 и 1992 година.[2] Во 1999 година, тој бил рангиран на шесто место на интернет гласањето за ФИФА играч на векот, спороведено преки интернет анкета.[4][5] Тој, исто така, бил осми според анкетата организирана од француското списание "Фудбал на Франција", консултирајќи се со своите поранешни победници на "Балон д'Ор" за избор на фудбалски играч на векот.[6] Во 2004 година, тој бил именуван од Пеле во списокот на ФИФА 100 најголемите играчи во светот.[7] Во 2004 година, во Холандија се одржала анкета за 100 најзначајни холандски луѓе, Ван Бастен се нашол на 25 место, вториот најзначаен фудбалер, зад Јохан Кројф. Во 2007 година, "Скај Спорт" го назчачил Ван Бастен на прво место на својот список на одлични спортисти кои ја прекинале својата кариера порано.[8]