Карлос Тевес

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Карлос Тевез)
Прејди на: содржини, барај
Аргентина Карлос Тевес
InddelVal-Boca (4).jpg
Лични податоци
Роден на 5 февруари 1984 (1984-02-05) (воз. 32 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2004 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 75 (26)
2004-2006 Коринтијанс Коринтијанс 65 (23)
2006-2007 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 26 (7)
2007-2009 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 63 (19)
2009-2013 Манчестер Сити Манчестер Сити 107 (58)
2013-2015 Јувентус Јувентус 66 (39)
2015- Бока Хуниорс Бока Хуниорс 23 (9)
Репрезентација
2004- Аргентина Аргентина 62 (13)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Карлос Алберто Тевес (шпан. Carlos Alberto Tévez, роден на 5 февруари 1984 во Буенос Аирес, Аргентина) е аргентински фудбалер, напаѓач на Бока Хуниорс и на аргентинската репрезентација. Неговата примарна позицијата е класичен напаѓач, но исто така во периодот додека играл за Манчестер Сити, бил користен на позицијата зад напаѓач во 4-2-3-1 формацијата на Роберто Манчини.

Марадона го нарекол Тевес аргентински пророк на 21-от век[1].

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Тевес е роден во Сиудадела, град во покраината Буенос Аирес како Карлос Алберто Мартинез. Својте фудбалски почетоци ги направил во клубот Ол Бојс, а потоа преминал во Боку Хуниорс. За време на ова два клуба околу него, го променил своето презиме во девојачкото презиме на својата мајка. Како дете случајно си истурил вриена вода по телото од која се здобил со изгореници од трет степен и останал во болница два месеци.[2] Како последица од тоа му останале раните од десното уво до градите. Додека играл за Бока Хуниорс, управата на клубот му понудила да му плати операција, но тој го одбил тоа со образложение дека лузните се дел од неговото минато.[3] Со Бока Хуниорс ги освоил Апертура 2003, Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп истата године, како и Копа Судамерикана 2004 година.

Во јануари 2005, Тевес ја напуштил Бока и потпишал за Коринтијанс за сума од 15 милиони евра, како дел од договорот кој го постигнал бразилскиот клуб со агенцијата Медија спортс инвестментс, која ги поседувала правата на Тевес.[4] Неговиот трансфер бил најскапо платен во јужноамериканскиот фудбал. Бил прогласен за најдобар играч на првенството, а истотка тоа било прв пат после 1976 година ова признание да го добие еден странски фудбалер.

На 31 август 2006 година, Тевес се преселил во Вест Хем Јунајтед кој објавил дека постигнал договор со агенцијата Медија спортс инвестментс за откуп на Тевес и Хавиер Маскерано, за надомест од 12 милиони £ за секој од нив посебно.[5] Во својата единствена сезона со чеканите, постигнал 7 гола на 26 настапи, вклучувајќи го и оној во последното коло од првенството, за победа од 1-0 над Манчестер Јунајтед, со кој помогнал на Вест Хем да избегне испаѓање.

Тевес во дресот на Јувентус во 2013.

Во летниот преоден рок 2007 година, Тевес му се приклучил на Манчестер Јунајтед, но Вест Хем и понатаму ги задржал правата врз играчот.[6] Играјќи за Манчестер Јунајтед, Тевез успеал да освои две титули во Премиер лигата, еден Лига куп, еден Комјунити Шилд, како и по еден наслов во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Откако му истекла позајмицата од осумнаесет месеци, Манчестер Јунајтед сакал да го откупи неговиот договор. Тие постигнале договор со неговата агенција, но Тевез бил незадоволен со минутажата одбил да го потпише понудениот петогодишен договор. Медиумите го најавиле неговиот трансфер во Ливерпул, но наместо нив Тевес го избрал Манчестер Сити и со тоа станал првиот играч кој преминал од едниот во другиот манчестерски клуб по Тери Кук во 1999.

На 26 јуни 2013, Тевес го напуштил Манчестер Сити по 4 сезони поминати во клубот и се преселил во Италија, потпишувајќи за тамошниот шампион Јувентус.[7] Во својата прва сезона бил најдобар стрелец на клубот со 19 постигнати гола во Серија А, помагајќи му на Јувентус да го освои Скудетото.[8] Исто така постигнал еден гол во победата со 4-0 над Лацио во Суперкупот.[9]

Следната сезона Тевес одново бил ударната игра во нападот на екипата на Јувентус постигнувајќи 29 гола во сите натпреварувања. На крајот на сезоната со клубот освоил домашен дабл, и играл во финалето на Лигата на шампионите каде биле поразен од Барселона со 3-1.

По речиси една деценија играње во Европа, во јули 2015 Тевес се вратил во Аргентина во екипата на Бока Хуниорс, за сума од 6.5 милиони евра но во размена на играчи.[10][11]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Карлос Тевес во дресот на аргентинската репрезентација.

Тевес со репрезентацијата на Аргентина учествувал на Светското првенство за играчи под 17 години. На Летните олимписки игри 2004 бил најдобар стрелец на тимот кој го освоил златниот медал; Тевес постигнал осум гола во шест натпревари на турнирот, вклучувајќи го и победоносниот погодок во финалето.

За сениорската репрезентација играл на Светското првенство 2006 и постигнал еден гол против Србија и Црна гора (6-0) во групната фаза. Учествувал и на Светското првенство 2010 и постигнал два гола против Мексико во осминафиналето, помагајќи и на својата репрезентација да победи со 3-1 и да се пласира во четвртфиналето.

На Копа Америка 2011, Тевес бил единствениот играч од двете страни кој промашил во пенал-серијата во четврт-финалето против Уругвај, што резултирало со елиминација на Аргентина.[12] По назначувањето на Алехандро Сабелја за селектор во јули 2011 година, Тевез не бил повикан во репрезентацијата на Аргентина цели три години, пропуштајќи го и Светско првенство во 2014 на кое неговите сонародници биле вицешампиони.[13]

Сепак, по заминувањето на Сабелја од клупата на Аргентина, новиот селектор Херардо Мартино го повикал одново Тевес за пријателските натпревари во ноември 2014. Тевес бил повикан и на Копа Америка 2015 во Чиле, каде за разлика од пред четири години кога во четврт-финалето на турнирот бил трагичар сега го постигнал победничкиот погодок во пенал-серијата против Колумбија (5-4 за Аргентина) со кој и донел пласман на својата селекција во полуфиналето. Аргентина стигнала до финалето каде биле поразени од домаќинот Чиле на пенали со 4-1.[14]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Тевес со соиграчите од Манчестер Сити при прославата по повод освојувањето на ФА Купот за сезоната 2010-2011.

Аргентина Бока Хуниорс[уреди | уреди извор]

Бразил Коринтијанс[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Аргентина Бока Хуниорс[уреди | уреди извор]

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Аргентина Аргентинска репрезентација[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2001-2002 Аргентина Бока Хуниорс ПД 11 1 - - - - - - - - - 11 1
2002-2003 ПД 32 11 - - - КЛ 3 1 - - - 35 12
2003-2004 ПД 23 12 - - - КЛ 12 5 ИнтК 1 0 36 17
2004-2005 ПД 9 2 - - - КЛ+КС 10+9 3+3 - - - 28 8
2005 Бразил Коринтијанс А1/SP+А 13+29 7+20 КБ 6 4 КС 4 0 - - - 52 31
2006 A1/SP+А 7+9 6+5 - - - КЛ 8 4 - - - 24 15
Вкупно Коринтијанс 20+38 13+25 6 4 12 4 - - 76 46
2006-2007 Англија Вест Хем Јунајтед ПЛ 26 7 ФАКуп+ЛК 1+0 0 КУ 2[15] 0 - - - 29 7
2007-2008 Англија Манчестер Јуанјтед ПЛ 34 14 ФАКуп+ЛК 2+0 1 ЛШ 12 4 - - - 48 19
2008-2009 ПЛ 29 5 ФАКуп+ЛК 3+6 2+6 ЛШ 9 2 КШ+СУ+Скп 1+1+2 0 51 15
Вкупно Манчестер Јунајтед 63 19 11 9 21 6 4 0 99 34
2009-2010 Англија Манчестер Сити ПЛ 35 23 ФАКуп+ЛК 1+6 0+6 - - - - - - 42 29
2010-2011 ПЛ 31 20 ФАКуп+ЛК 6+0 3 ЛЕ 7[16] 0 - - - 44 23
2011-2012 ПЛ 13 4 ФАКуп+ЛК 0+1 0 ЛШ+ЛЕ 1+0 0 КШ 0 0 15 4
2012-2013 ПЛ 34 11 ФАКуп+ЛК 6+1 5+0 ЛШ 5 0 КШ 1 1 47 17
Вкупно Манчестер Сити 113 58 21 14 13 0 1 1 148 73
2013-2014 Италија Јувентус А 34 19 КИ 1 0 ЛШ+ЛЕ 6+6 0+1 СИ 1 1 48 21
2014-2015 А 32 20 КИ 2 0 ЛШ 13 7 СИ 1 2 48 29
Вкупно Јувентус 66 39 3 0 25 8 2 3 96 50
2015 Аргентина Бока Хуниорс ПД 12 5 КА 5 4 - - - - - - 17 9
2016 ПД 11 4 КА 0 0 КЛ 8 5 СА 1 0 20 9
Вкупно Бока Хуниорс 98 35 5 4 42 17 2 0 147 56
Вкупно во кариерата 398 189 46 31 113 35 9 4 566 259

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The New Hammers.
  2. El País (шпански)
  3. Clarín (шпански)
  4. „Parceria MSI/Corinthians será remetida ao MP Federal“ (на portuguese). Conjur. 14 април 2005. http://www.conjur.com.br/2005-abr-14/parceria_msicorinthians_remetida_mp_federal?pagina=2. конс. 15 декември 2012 г. 
  5. Вест Хем единствениот клуб кој се согласува со условите на MSI“, Football365, 4 септември 2006.
  6. Man Utd set to wrap up Tévez deal“, BBC Sport, 8 август 2007 (конс. 8 август 2007 г).
  7. Официјално - Карлос Тевез во Јувентус bukvar.mk
  8. Тевез:Сега е време за славје и опуштање Grid.mk
  9. Supercoppa, Juventus-Lazio 4-0: gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez
  10. Muchas gracias, Carlitos“, Juventus FC, 13 јули 2015 (конс. 13 јули 2015 г). (на Italian)
  11. „Carlos Tevez says he wants to write history after returning to Boca Juniors“. Guardian. 14 јули 2015. http://www.theguardian.com/football/2015/jul/14/carlos-tevez-boca-juniors-guido-vadala-juventus. конс. 14 јули 2015 г. 
  12. Uruguay beat Argentina on penalties to reach last four of Copa América“, „The Guardian“, 17 јули 2011.
  13. Tevez not too proud for Argentina bench“, 3 септември 2012.
  14. Wilson, Jonathan. „Hosts Chile Stun Argentina to Claim First Copa América Title on Penalties“, 5 јули 2015 (конс. 14 август 2015 г).
  15. Во преелиминарните рунди.
  16. Еден настап во преелиминарните рунди.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]