Бока Хуниорс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бока Хуниорс
Boca Juniors logo18.png
Целосно имеКлуб Атлетико Бока Хуниорс
ДржаваАргентина Аргентина
ПрекарLos Xeneizes (Џеновјани)
Azul y Oro (Сино-златни)
Основан3 април 1905; пред 117 години (1905-04-03)
ЛокацијаБуенос Аирес, Аргентина
СтадионЛа Бомбонера
Капацитет54,000
ПретседателАргентина Хорхе Амор Амеал
МенаџерАргентина Себастијан Батаља
ЛигаПримера Дивисион
2021Примера Дивисион, 4. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клуб Атлетико Бока Хуниорс или само Бока Хуниорс е аргентински фудбалски клуб од Ла Бока, населба во Буенос Аирес. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, највисокото ниво на аргентинскиот фудбал. Својте домашни натпревар ги игра на стадионот Ла Бомбонера, кој има капацитет од 54,000 гледачи.

Клубот е основан на 3 април 1905 година и од неговата промоција во првото ниво на аргентинското првенство во 1913 година, тој никогаш повеќе не испаднал од таму. Бока е, исто така, до денес најуспешниот аргентински клуб со 71 освоена титула: од нив 34 во Примера Дивисион[1][2] и 14 национални купови.[3] Во меѓународните натпреварувања, Бока Хуниорс има освоено вкупно 22 титули,[4][5][6] од кои 18 организирани од КОНМЕБОЛ[7] и останатите од други асоцијации. Како резултат на тоа, Бока е рангирана на третото место во светот според бројот на освоени меѓународни титули, по Реал Мадрид (26) и египетскиот клуб Ал Ахли (25).[8]

Својте домашни натпревари Бока ги игра на стадионот Ла Бомбонера, кој има капацитет од 54,000 седечки места. Бока Хуниорс отсекогаш имала жестоко ривалство со Ривер Плејт. Натпреварите меѓу нив се познати како Суперкласико и се едно од најжестоките ривалства во Аргентина и во светот, бидејќи двата клуба се двата најпопуларните во земјата.

Младинската академија произвела многу аргентински репрезентативци како што се Себастијан Батаља (моменталниот тренер на клубот), Николас Бурдисо, Карлос Тевес, Евер Банега, Николас Гаитан и Фернандо Гаго, кои играле или играат за врвни европски клубови.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

[9]

Бр. Позиција Играч
1 Аргентина ГМ Агустин Роси
3 Аргентина ОД Агустин Сандес
4 Аргентина ОД Николас Фигал
5 Перу ОД Карлос Самбрано
6 Аргентина ОД Маркос Рохо
7 Аргентина НП Ексекиел Себаљос
8 Аргентина ОД Гиљермо Фернандес
9 Аргентина НП Дарио Бенедето
10 Аргентина НП Едуардо Салвио
11 Парагвај СР Оскар Ромеро
12 Аргентина ГМ Леандро Бреј
13 Аргентина ГМ Хавиер Гарсија
14 Аргентина СР Естебан Ролон
16 Аргентина СР Арон Молинас
17 Перу ОД Луис Адвинкула
18 Колумбија ОД Франк Фабра
Бр. Позиција Играч
19 Аргентина ОД Валентин Барко
20 Аргентина СР Хуан Едгардо Рамирес
21 Колумбија СР Хорман Кампусано
22 Колумбија НП Себастијан Виља
23 Аргентина СР Диего Гонсалес
24 Аргентина ОД Карлос Искиердос Captain sports.svg
25 Аргентина ОД Гастон Авила
27 Аргентина НП Николас Орсини
29 Ерменија НП Норберто Бриаско
31 Аргентина НП Кристијан Павон
32 Аргентина СР Агустин Алмендра
33 Аргентина СР Алан Варела
36 Аргентина СР Кристијан Медина
38 Аргентина НП Луис Васкес
57 Аргентина ОД Марсело Веигант

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Campeones de la Primera División on AFA website
  2. En la tabla histórica de títulos, Boca acortó más distancias, Clarín, 9 May 2018
  3. Copas Nacionales – Ganadores on AFA website (retrieved 4 November 2015)
  4. 38 Campeones de Fútbol Argentino by Diego Estévez – Ediciones Continente – ISBN 9789507543692
  5. Independiente vs. Boca: quién tiene más títulos internacionales by Oscar Barnade, Clarín, 8 August 2018
  6. Cuadro total de títulos oficiales on Revisionismo del Fútbol, retrieved 29 June 2019
  7. Las competiciones oficiales de la CONMEBOL on Conmebol website, 19 Ago 2015
  8. International Cups Trivia by Karel Stokkermans on the RSSSF, 6 June 2019
  9. „El Plantel - Primera división | El plantel“. Club Atlético Boca Juniors. Посетено на 6 February 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]