Прејди на содржината

Карлос Тевес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аргентина Карлос Тевес
Лични податоци
Роден на 5 февруари 1984(1984-02-05)(42 г.)
Роден во Буенос Аирес, Аргентина
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Бока Хуниорс Бока Хуниорс
Број 10
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001-2004 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 75 (26)
2004-2006 Коринтијанс Коринтијанс 65 (23)
2006-2007 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 26 (7)
2007-2009 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 63 (19)
2009-2013 Манчестер Сити Манчестер Сити 107 (58)
2013-2015 Јувентус Јувентус 66 (39)
2015- Бока Хуниорс Бока Хуниорс 23 (9)
Репрезентација
2004- Аргентина Аргентина 62 (13)
* Ажурирано на: 25 април 2012
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Карлос Алберто Тевес (шпан. Carlos Alberto Tévez, роден на 5 февруари 1984 во Буенос Аирес, Аргентина) — аргентински фудбалер, напаѓач на Бока Хуниорс и на аргентинската репрезентација. Неговата примарна позицијата е класичен напаѓач, но исто така во периодот додека играл за Манчестер Сити, бил користен на позицијата зад напаѓач во 4-2-3-1 формацијата на Роберто Манчини.

Марадона го нарекол Тевес аргентински пророк на 21-от век[1].

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Тевес е роден во Сиудадела, град во покраината Буенос Аирес како Карлос Алберто Мартинес. Својте фудбалски почетоци ги направил во клубот Ол Бојс, а потоа преминал во Боку Хуниорс. За време на ова два клуба околу него, го променил своето презиме во девојачкото презиме на својата мајка. Како дете случајно си истурил вриена вода по телото од која се здобил со изгореници од трет степен и останал во болница два месеци.[2] Како последица од тоа му останале раните од десното уво до градите. Додека играл за Бока Хуниорс, управата на клубот му понудила да му плати операција, но тој го одбил тоа со образложение дека лузните се дел од неговото минато.[3] Со Бока Хуниорс ги освоил Апертура 2003, Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп истата године, како и Копа Судамерикана 2004 година.

Тевес во Манчестер Јунајтед.

Во јануари 2005, Тевес ја напуштил Бока и потпишал за Коринтијанс за сума од 15 милиони евра, како дел од договорот кој го постигнал бразилскиот клуб со агенцијата Медија спортс инвестментс, која ги поседувала правата на Тевес.[4] Неговиот трансфер бил најскапо платен во јужноамериканскиот фудбал. Бил прогласен за најдобар играч на првенството, а истотка тоа било првпат после 1976 година ова признание да го добие еден странски фудбалер.

На 31 август 2006 година, Тевес се преселил во Вест Хем Јунајтед кој објавил дека постигнал договор со агенцијата Медија спортс инвестментс за откуп на Тевес и Хавиер Маскерано, за надомест од 12 милиони £ за секој од нив посебно.[5] Во својата единствена сезона со чеканите, постигнал 7 гола на 26 настапи, вклучувајќи го и оној во последното коло од првенството, за победа од 1-0 над Манчестер Јунајтед, со кој помогнал на Вест Хем да избегне испаѓање.

Тевес во дресот на Јувентус во 2013.

Во летниот преоден рок 2007 година, Тевес му се приклучил на Манчестер Јунајтед, но Вест Хем и понатаму ги задржал правата врз играчот.[6] Играјќи за Манчестер Јунајтед, Тевез успеал да освои две титули во Премиер лигата, еден Лига куп, еден Комјунити Шилд, како и по еден наслов во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Откако му истекла позајмицата од осумнаесет месеци, Манчестер Јунајтед сакал да го откупи неговиот договор. Тие постигнале договор со неговата агенција, но Тевез бил незадоволен со минутажата одбил да го потпише понудениот петогодишен договор. Медиумите го најавиле неговиот трансфер во Ливерпул, но наместо нив Тевес го избрал Манчестер Сити и со тоа станал првиот играч кој преминал од едниот во другиот манчестерски клуб по Тери Кук во 1999.

На 26 јуни 2013, Тевес го напуштил Манчестер Сити по 4 сезони поминати во клубот и се преселил во Италија, потпишувајќи за тамошниот шампион Јувентус.[7] Во својата прва сезона бил најдобар стрелец на клубот со 19 постигнати гола во Серија А, помагајќи му на Јувентус да го освои Скудетото.[8] Исто така постигнал еден гол во победата со 4-0 над Лацио во Суперкупот.[9]

Следната сезона Тевес одново бил ударната игра во нападот на екипата на Јувентус постигнувајќи 29 гола во сите натпреварувања. На крајот на сезоната со клубот освоил домашен дабл, и играл во финалето на Лигата на шампионите каде биле поразен од Барселона со 3-1.

По речиси една деценија играње во Европа, во јули 2015 Тевес се вратил во Аргентина во екипата на Бока Хуниорс, за сума од 6,5 милиони евра но во размена на играчи.[10][11]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]
Карлос Тевес во дресот на аргентинската репрезентација.

Тевес со репрезентацијата на Аргентина учествувал на Светското првенство за играчи под 17 години. На Летните олимписки игри 2004 бил најдобар стрелец на тимот кој го освоил златниот медал; Тевес постигнал осум гола во шест натпревари на турнирот, вклучувајќи го и победоносниот погодок во финалето.

За сениорската репрезентација играл на Светското првенство 2006 и постигнал еден гол против Србија и Црна гора (6-0) во групната фаза. Учествувал и на Светското првенство 2010 и постигнал два гола против Мексико во осминафиналето, помагајќи и на својата репрезентација да победи со 3-1 и да се пласира во четвртфиналето.

На Копа Америка 2011, Тевес бил единствениот играч од двете страни кој промашил во пенал-серијата во четврт-финалето против Уругвај, што резултирало со елиминација на Аргентина.[12] По назначувањето на Алехандро Сабелја за селектор во јули 2011 година, Тевез не бил повикан во репрезентацијата на Аргентина цели три години, пропуштајќи го и Светско првенство во 2014 на кое неговите сонародници биле вицешампиони.[13]

Сепак, по заминувањето на Сабелја од клупата на Аргентина, новиот селектор Херардо Мартино го повикал одново Тевес за пријателските натпревари во ноември 2014. Тевес бил повикан и на Копа Америка 2015 во Чиле, каде за разлика од пред четири години кога во четврт-финалето на турнирот бил трагичар сега го постигнал победничкиот погодок во пенал-серијата против Колумбија (5-4 за Аргентина) со кој и донел пласман на својата селекција во полуфиналето. Аргентина стигнала до финалето каде биле поразени од домаќинот Чиле на пенали со 4-1.[14]

Тевес со соиграчите од Манчестер Сити при прославата по повод освојувањето на ФА Купот за сезоната 2010-2011.

Аргентина Бока Хуниорс

[уреди | уреди извор]

Бразил Коринтијанс

[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Сити

[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]

Репрезентативни

[уреди | уреди извор]

Аргентина Аргентинска репрезентација

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2001-2002Аргентина Бока ХуниорсПД111---------111
2002-2003ПД3211---КЛ31---3512
2003-2004ПД2312---КЛ125ИнтК103617
2004-2005ПД92---КЛ+КС10+93+3---288
2005Бразил КоринтијансА1/SP+А13+297+20КБ64КС40---5231
2006A1/SP+А7+96+5---КЛ84---2415
Вкупно Коринтијанс20+3813+2564124--7646
2006-2007Англија Вест Хем ЈунајтедПЛ267ФАКуп+ЛК1+00КУ2[15]0---297
2007-2008Англија Манчестер ЈуанјтедПЛ3414ФАКуп+ЛК2+01ЛШ124---4819
2008-2009ПЛ295ФАКуп+ЛК3+62+6ЛШ92КШ+СУ+Скп1+1+205115
Вкупно Манчестер Јунајтед6319119216409934
2009-2010Англија Манчестер СитиПЛ3523ФАКуп+ЛК1+60+6------4229
2010-2011ПЛ3120ФАКуп+ЛК6+03ЛЕ7[16]0---4423
2011-2012ПЛ134ФАКуп+ЛК0+10ЛШ+ЛЕ1+00КШ00154
2012-2013ПЛ3411ФАКуп+ЛК6+15+0ЛШ50КШ114717
Вкупно Манчестер Сити1135821141301114873
2013-2014Италија ЈувентусА3419КИ10ЛШ+ЛЕ6+60+1СИ114821
2014-2015А3220КИ20ЛШ137СИ124829
Вкупно Јувентус663930258239650
2015Аргентина Бока ХуниорсПД125КА54------179
2016ПД114КА00КЛ85СА10209
Вкупно Бока Хуниорс98355442172014756
Вкупно во кариерата39818946311133594566259
  1. The New Hammers.
  2. El País (шпански)
  3. Clarín Архивирано на 12 декември 2008 г. (шпански)
  4. „Parceria MSI/Corinthians será remetida ao MP Federal“ (португалски). Conjur. 14 April 2005. Посетено на 15 December 2012.
  5. „Вест Хем единствениот клуб кој се согласува со условите на MSI“. Football365. 4 September 2006. Архивирано од изворникот на 2008-05-01. Посетено на 2013-06-27.
  6. „Man Utd set to wrap up Tévez deal“. BBC Sport. 8 August 2007. Посетено на 8 August 2007.
  7. Официјално - Карлос Тевез во Јувентус[мртва врска] bukvar.mk
  8. Тевез:Сега е време за славје и опуштање[мртва врска] Grid.mk
  9. „Supercoppa, Juventus-Lazio 4-0: gol di Pogba, Chiellini, Lichtsteiner e Tevez“. Архивирано од изворникот на 2019-08-01. Посетено на 2014-08-07.
  10. „Muchas gracias, Carlitos“ (италијански). Juventus FC. 13 July 2015. Посетено на 13 July 2015.
  11. „Carlos Tevez says he wants to write history after returning to Boca Juniors“. Guardian. 14 July 2015. Посетено на 14 July 2015.
  12. „Uruguay beat Argentina on penalties to reach last four of Copa América“. The Guardian. 17 July 2011.
  13. „Tevez not too proud for Argentina bench“. 3 September 2012.
  14. Wilson, Jonathan (5 July 2015). „Hosts Chile Stun Argentina to Claim First Copa América Title on Penalties“. The Guardian. Посетено на 14 August 2015.
  15. Во преелиминарните рунди.
  16. Еден настап во преелиминарните рунди.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]