Суперкуп на Италија 2013

Од Википедија — слободната енциклопедија
Суперкуп на Италија 2013
Суперкуп на Италија
Датум18 август 2013
СтадионСтадион Олимпико, Рим
СудијаЏанлука Роки
2012
2014

Суперкупот на Италија за 2013 година беше 26-тото издание на Суперкупот на Италија, традиционален фудбалски натпревар во кој се среќаваат победниците од претходната сезона во Серија А и Купот на Иаталија.

Јувентус се квалификувале за овој натпревар како шампиони на Италија (во сезоната 2012-13) по 29. пат, додека Лацио во овој натпревар влезе како освојувач на Купот на Италија за 2013 година.

Преглед на натпреварот[уреди | уреди извор]

Натпреварот се одигра на Стадионот Олимпико, па практично фудбалерите на Лацио натпреварот го играа на својот стадион пред домашната публика. Натпреварот бил многу динамичен уште од самиот почеток, а првиот удар во рамките на голот е виден во 3. минута кога ударот на Ледезма со левата нога го погодил Видал и отишол право во рацете на Буфон. Во истата минута слободен удар на средината од теренот за Јувентус, Тевез го изведува и брзо ја додава топката до Вучиниќ, а Црногорецот шутира со левата нога но над голот на Маркети. Во почетокот на натпреварот Јувентус повеќе ја имал топката, но Лацио бил поконкретен и поопасен.

Во 19. минута фудбалерот од средината на теренот на Јувентус Клаудио Маркизио се повредил по еден двобој на средината со противничкиот дефанзивец Стефан Раду, па многу скоро го напуштил теренот, а место него во игра влегол Пол Погба. И по само две минути откако се појавил во игра Французинот го постигнува водечкиот погодок за италијанскиот шампион. Слободен удар од 25 метри по кој Пирло убаво го проиграл Лихтштајнер во шеснаесетникот, а по неговиот пас одбиената топка од Раду доаѓа точно до Погба кој со низок удар со левата нога го совладува Маркети.

Лацио заиграл нешто подобро по водството на Јувентус а првиот посериозен обид виден е во 34. минута. Раду се обидел со одличен шут од далечина, но Буфон го одбранил неговиот удар и ја избил топката во корнер. Популарните Бјанкочелести ја имале топката повеќе во свој посед во однос на периодот пред водечкиот гол за Јувентус, се обидувале да дојдат до вистинска шанса, но Јувентус тоа не им го дозволувал. И така сè до крајот на првото полувреме кое е завршено со минимално водство на Јувентус, 1-0.

И потоа одлчичен старт на второто полувреме за Јувентус. После еден корнер за Лацио следувал прекрасен контра-напад за Јувентус, по кој на крајот Лихтштајнер му асистира на Кјелини, а овој од неколку метри само ја спровел топката во мрежата за 2-0. Само минута подоцна доаѓа и третиот гол. Вучиниќ му додава на Лихтштајнер кој минува покрај комплетната одбрана на Лацио и мирно го совладува Маркети.

Меѓутоа тука не е крајот. По 52. и 54. минута Јувентус постигнува уште еден погодок, овој пат во 56. минута. Фантастична акција, по која Погба шутира со глава кон празниот гол но Маркети со прекрасна реакција успева да ја извади топката од пред самата гол-линија и доаѓа повторно до Погба кој несебично му асистира на Карлос Тевез, а Аргентинецот го постигнува четвртиот гол за Јувентус во натпреварот. Наскоро уште една шанса за Јувентус, Видал стигнал прв до топката пред излезениот Маркети но голманот на Лацио накрајот добро реагирал и го одбранил ударот.

Наскоро потоа паднало темпото на игра, но Лацио настојувал да постигне барем еден гол. Убава шанса имал Клозе но и неговиот удар го запрел Буфон. Потоа уште една шанса за Лацио, резервистот Едерсон биел од околу 11 метри но повторно брани Буфон. Јувентус до крајот на натпреварот успешно ги запирал нападите на Лацио кој биле јалови додека пак на другата страна и не напаѓал премногу.

На крајот Јувентус со 4-0 го победил Лацио, и така го освоил својот 6. наслов во Суперкупот на Италија.

Детаљи од натпреварот[уреди | уреди извор]

18 август 2013
21:00 Средноевропско време
Јувентус 4 – 0 Лацио Стадион Олимпико, Рим
Гледачи: 57 000
Судија: Џанлука Роки
Погба гол 23'
Кјелини гол 52'
Лихтштајнер гол 54'
Тевес гол 56'
Јувентус
Лацио
ЈУВЕНТУС:
GK 1 Италија Џанлуиџи Буфон (к)
RB 15 Италија Андреја Барцаљи добил жолт картон во 43-тата минута 43' заменет 75'
CB 19 Италија Леонардо Бонучи
LB 2 Италија Џорџо Кјелини
MF 26 Швајцарија Стефан Лихтштајнер заменет 82'
MF 23 Чиле Артуро Видал
MF 21 Италија Андреја Пирло
MF 8 Италија Клаудио Маркизио заменет 20'
MF 22 Гана Квадво Асамоа
CF 10 Аргентина Карлос Тевес
CF 9 Црна Гора Мирко Вучиниќ
Резерви:
GK 30 Италија Марко Сторари
DF 4 Уругвај Мартин Касерес влегол во игра 75'
DF 5 Италија Анџело Огбона влегол во игра 82'
MF 6 Франција Пол Погба влегол во игра 20'
DF 11 Италија Паоло де Чеље
FW 12 Италија Себастијан Џовинко
FW 14 Шпанија Фернандо Љоренте
MF 17 Италија Лука Мароне
MF 20 Италија Симоне Падоин
FW 27 Италија Фабио Кваљарела
FW 32 Италија Алесандро Матри
MF 33 Чиле Маурисио Исла
Тренер:
Италија Антонио Конте
ЛАЦИО:
GK 22 Италија Федерико Маркети
RB 39 Белгија Луис Педро Каванда
CB 3 Бразил Андре Диас добил жолт картон во 59-тата минута 59'
CB 20 Италија Џузепе Бјава
LB 26 Романија Стефан Раду заменет 58'
DM 24 Италија Кристијан Ледезма (к) заменет 56'
RM 87 Италија Антонио Кандрева
CM 8 Бразил Хернанес добил жолт картон во 31-вата минута 31' заменет 70'
CM 5 Аргентина Лукас Биља
LM 19 Босна и Херцеговина Сенад Лулиќ
CF 11 Германија Мирослав Клозе
Резерви:
GK 1 Аргентина Албано Бизари
DF 2 Франција Микаел Сијани
MF 4 Италија Лука Креко
MF 10 Бразил Едерсон влегол во игра 56'
MF 15 Уругвај Алваро Гонсалес
FW 18 Чешка Либор Козак
MF 23 Нигерија Огени Онази влегол во игра 70'
FW 25 Италија Антонио Роци
MF 27 Албанија Љорик Цана
DF 85 Аргентина Диего Новарети
GK 95 Албанија Томас Стракоша
FW 99 Италија Серџо Флокари влегол во игра 58'
Тренер:
Швајцарија Владимир Петковиќ

Судии на мечот

Правила на мечот

  • 90 минути.
  • 30 минути продолжение ако е потребно.
  • Изведување на пенали ако се заврши нерешено.
  • Три максимум замени.

Екипа победник[уреди | уреди извор]

Јувентус
Победник на Суперкупот на Италија 2015
6. титула

Надворешни врски[уреди | уреди извор]